Глобалниот синџир на ресторани за брза храна Burger King лансираше нова бренд-платформа под слоганот „You Rule“ („Ти си закон“), создадена во партнерство со креативната агенција OKRP.
Како дел од кампањата беше лансиран и телевизиски спот која го враќа џинглот “Have It Your Way” („По твој начин“) што Burger King го користел во текот на 1970-те. Рекламата ги става гостите во преден план и го слави нивниот индивидуален начин на вршење на работите.
„Во партнерство со нашата нова креативна агенција OKRP создадовме едноставна и значајна артикулација за тоа како Burger King ги слави нашите гости. Ја отелотворува нашата цел, ја прифаќа индивидуалноста и го издигнува “Have It Your Way” – нешто по што нашиот бренд отсекогаш бил познат – пошироко од чистото прилагодување на производот“ – посочи Том Кертис, претседател на Burger King за Северна Америка.
„Адвертајзингот, во своето најдобро издание, е најрелевантен за луѓето кога прво ги слави нив, а не брендот. И тоа е токму она што го сакаме во “You Rule” – ги поканува луѓето со пристап кој го препознава нивниот свет, а не само за да им продава работи. Ние им овозможуваме да се чувствуваат како победници, со Burger King како мала награда што им го прави денот малку подобар. И да се разбереме, песната е неодолива, без разлика дали се сеќавате или не на стариот џингл – се надеваме дека тоа ќе биде зараза за ушите од кој нема да можете да се ослободите“ – додава Том О’Киф, генерален извршен директор на агенцијата OKRP.