Руската огласувачка агенција Proximity и BBDO Москва за потребите на P&G и нивниот бренд Tide креираа посебед “супер-хидрофобен“ плакат со кој сакаа да ја демонстрираат ефикасноста на Tide на многу едноставен и привлечен начин.
На различни локации низ Москва, беа поставени бели површини на плакати на кои немаше ништо освем логото на Tide. Поединечни делови од плакатот беа прекриени со прозирен хидрофобен материјал кој ја одбива водата.
Случајните минувачи беа повикани да го погодуваат плакатот со топчиња со боја кои се разлеваа по целиот плакат…освем се разбира на хидрофобниот дел каде пополека се откриваше и главната корист од детергентот – Да ја сочува облеката бела :) Погледнете :