На Instagram, Facebook, Snapchat и YouTube на листата на омилени социјални мрежи, се приклучува и TikTok
Апликацијата, која во прв план го поставува креирањето видео содржини и е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, ја освои генерацијата Z. На овогодинешната конференција на медиски трендови SEMPL која ќе се одржи на 28 и 29 ноември во Порторож, апликацијата TikTok и навиките на споменатата генерација, ќе ги претстави Maira Genovese, основач на успешна агенција за инфлуенсер маркетинг во Велика Британија, која со години соработува со „ТикТок“.
Додека влијателните милениумци веќе почнуваат да заземаат одговорни позиции во политичкиот и економскиот живот, генерацијата Z веќе бара свој простор. Се работи за млади луѓе родени помеѓу 1995 и 2010 година кои живеат со технологија и паметни телефони уште од самото нивно раѓање. Истражувањата покажуваат дека тие се целосно самостојни во нивното учење, иако нивните најважни учители се јутјуберите. На фотографиите им даваат приоритет во однос на зборовите, нивното внимание во просек трае осум секунди и имаат големи можности ефикасно да направат повеќе работи во исто време. Претприемништвото е близу до нив, тие влегуваат на пазарот како самостојни и барани потрошувачи.
И токму генерацијата Z е „виновна“ за успехот на моментално најбараната апликација во светот „ТикТок“. Тоа е бесплатна мобилна апликација која се заснова на интерактивно споделување видео содржина и прилагодена е на нивниот начин на комуникација. Имено, авторите на TikTok поминаа неколку чекори подалеку од конкуренцијата и покрај вообичаените филтри и налепници, развија голем број на специјални ефекти кои им овозможуваат на корисниците лесно да ги опремат своите видеа. На тој начин, младите создаваат свои снимки или прецизно ги копираат оние што им се допаѓаат, со што се создава вирална содржина во која тие самите се дел. Ова го зајакнува чувството на припадност и вклученост во глобалната заедница, што ја објаснува екстремната популарност на апликацијата.
Maira Genovese, извршен директор и претприемач со повеќе од 16 години искуство во маркетинг на глобални брендови и работа со инфлуенсери, на конференцијата SEMPL ќе зборува за појавата на оваа многу популарна социјална платформа. Ќе открие повеќе за нивниот револуционерен пристап на социјалните медиуми и зошто брендовите треба да ги активираат своите кампањи на TikTok и на кој начин.
Повеќе информации за конференцијата, пронајдете на http://www.sempl.si/agenda/speakers/.