Ова е огромна бројка за која било платформа, особено за оваа каде никој друг корисник не е ни близу до бројката од 100 милиони следбеници на младата Чарли Д’Амелио.
Вториот најследен профил на TikTok заклучно со 22 ноември 2020 година е Адисон Ре, кој моментално има 69,6 милиони следбеници. Зак Кинг е на третото место со 52,8 милиони, а сите останати имаат под 50 милиони следбеници.
Тројцата имаат повеќе следбеници од многу славни sвезди, вклучувајќи ги Вил Смит, Аријана Гранде и Кајли Џенер. Исто така, тие имаа повеќе од двојно поголем бројот на следбеници од оние кои го следат официјалниот налог на ТикТок.
Иако ова достигнување е одлично за Д’Амелија лично, тоа е исто така одраз на брзиот раст на ТикТок како платформа. На YouTube ѕвездата PewDiePie, кој го лансираше својот канал во 2010 година, и` требаа девет години за да ја достигне истата бројка. За споредба, Д’Амелио го отвори својот профил на TickTok во мај 2019 година и го постигна овој успех за само една и пол година.
Иако YouTube е повеќе како TikTok, приказната е слична на Твитер и Инстаграм.
Кети Пери прва стигна до 100 милиони следбеници на Твитер, а тоа се случи осум години откако се приклучи на Твитер заедницата. На Селена Гомез и требаше помалку време да ја достигне таа бројка на Инстаграм, каде беше прва: нејзиниот профил беше отворен во 2013 година и достигна 100 милиони следбеници во 2018 година.