Јапонскиот дневен весник за финансии и економија, Nikkei, објави истражување за најсимнуваните мобилни апликации во светот во текот на 2020 година.
Прв на таа листа е TikTok, кинеската социјална мрежа за споделување на кратки видеа, која во 2019 беше рангирана како четврта. Популарност на TikTok вртоглаво се зголеми за време на пандемијата, станувајќи нов глобален тренд во светот на социјалните мрежи.
Следните четири места на листата, односно од второ до петто место, се резервирани за апликациите на Фејсбук, односно Facebook, WhatsApp, Instagram и Messenger, соодветно.
На шесто место се наоѓа американската социјална мрежа Snapchat, а зад неа следи руско-германската апликација за приватни пораки Telegram.
На осмо место се наоѓа кинеската платформа за кратки видеа Likee, на деветто и десетто место, пак, се наоѓаат американските социјални мрежи Pinterest и Twitter.
Листите на најсимнувани апликации во светот, во Азија, како и во САД, Кина и Јапонија, според Nikkei, може да се погледнат во продолжение.