Социјалната мрежа за кратки видео-клипови TikTok е официјален спонзор на претстојното Европско првенство во фудбал. По тој повод, брендот ја лансираше својата прва кампања во која ја слави страста на навивачите – Where Fans Play („Каде што фановите играат“).
Централниот спот во кампањата претставува 30-секундна комбинација на испреплетени снимки од вистински фудбалски натпревари и TikTok видеа, па така, во неа можете да видите како мачка му брани слободен удар на Кристијано Роналдо, жена која танцува заедно со фудбалерите на Франција, мажи кои гоподигнуваат вредниот пехар заедно со Шпанската репрецентација итн.
Рекламата е пропратена со популарната песна “Blue Monday” на New Order.
Покрај рекламата која ќе биде емитувана како телевизиски спот, кампањата ќе вклучува и повеќе онлајн активности, како и поедини out-of-home инсталации во одредени градови, вклучувајќи ги Минхен, Москва и Санкт Петербург.
Кампањата ќе биде реализирана во клучните пазари во Европа, со фокус на Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Русија, Германија и Турција, како и во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, но и во Јапонија.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Dark Horses и продукциската куќа Anonymous.