Со цел привлекување на повеќе европски огласувачи кои ќе вложат во маркетиншки активности на платформата, социјалната мрежа TikTok ја лансираше кампањата “Talking Heads” („Глави што зборуваат“).
Кампањата е создадена во партнерство со популарниот креатор на содржини Лук Вернон и неколку брендови од Европа кои се задоволни од резултатите кои им ги овозможува TikTok. Во неколку различни спотови, одвоената (како „отсечена“) глава на Вернон игра улога на орнамент за на маса или пак додаток на пица, преземајќи врз себе измислени персони како претставници на брендовите и зборувајќи за придобивките од употребата на TikTok.
Кампањата комбинира елементи на црн хумор со тотална апсурност и надреализам за да создаде хумористични спотови кои едноставно не може да се игнорираат.
Реализацијата на кампањата се остварува со помош на креативната агенција Gravity Road.
@tiktokforbusinesseu This isn’t your typical case study 👀
@tiktokforbusinesseu @Luke Vernon and @oonihq know how to sell pizza ovens 🍕🔥 #TikTokTalkingHeads
@tiktokforbusinesseu Get the inside scoop on increasing your CTR by 564% 📈 #TikTokTalkingHeads @Luke Vernon @dermalogica_deutschland