Во обид да одговори на загриженоста на јавноста за влијанието што филтрите кои го менуваат изгледот го имаат врз менталното здравје на младите луѓе, социјалната мрежа TikTok воведува ограничување на возраста за корситење на одредени филтри за убавина за корисници под 18 години.
Платформата наскоро ќе го ограничи пристапот до филтри кои значително го менуваат нечиј изглед, како што се измазнување на кожата или слабеење на цртите на лицето. Од друга страна страна, забавните филтри кои додаваат животински уши или хумористични ефекти сè уште ќе бидат достапни.
Овие промени се дел од поширокиот план на TikTok за подобрување на безбедноста и благосостојбата на својата помлада публика. Кристин Гран, директорка за јавна политика на TikTok, истакна дека иницијативата има за цел да ја направи апликацијата побезбеден простор за младите луѓе.
Компанијата исто така воведува нови критериуми за филтри со цел да има поголема транспарентност за тоа како тие менуваат нечиј изглед. Ова значи дека корисниците наскоро ќе можат подобро да разберат што е реално и што е изменето.
TikTok истовремено ги засилува напорите за откривање и отстранување на малолетните корисници од својата платформа. Имено, компанијата веќе отстранува милиони профили секој месец поради сомнителни прекршувања на ограничувањата на возраста, но сега истражува нови начини за користење на машинското учење кои може да помогне во поефективното идентификување на ваквите профили.
Потегот за ограничување на филтрите за убавина ќе биде добредојден од загрижентие родители кои веруваат дека овие функции можат да ја нарушат перцепцијата за убавина кај младите, потенцијално доведувајќи до чувства на анксиозност, депресија и други проблеми со менталното здравје.