TikTok влегува во бизнисот со ресторани и достава на храна. Целта е да им овозможи на фановите да ги вкусат најпопуларните рецепти кои се шират меѓу корисниците на платформата.
Во партнерство со компаниите Virtual Dining Concepts и Grubhub, социјалната мрежа TikTok ја отвора TikTok Kitchen. „Кујната“ првично ќе биде отворена во САД, уште на стартот на претстојната 2022 година.
TikTok планира во март да отвори 300 ресторани за достава, а до крајот на годината таа бројка да надмине 1,000 ресторани.
Менито на рестораните ќе биде ажурирано квартално, врз основа на тоа кои рецепти се најпопуларни меѓу корисниците на социјалната платформа.
Од TikTok најавуваат дека дел од добивката од продажбата на оброците ќе оди и на сметката на оригиналните креатори на тие рецепти кои ги објавиле на платформата.