Кинеската социјална мрежа TikTоk се повлекува од преговорите за основање на меѓународно седиште во Лондон, откако Обединетото Кралство воведе рестрикции во однос на кинеската технолошка компанија Huawei, пренесуваат британските медиуми.
Веќе неколку месеци претставници на компанијата ByteDance, во чија сопственост е платформата TikTok, воделе разговори со британското Министерство за меѓународна трговија со цел издигнување на своите лондонски канцеларии во меѓународно седиште на TikTok. Спроведувањето на ваквиот план би го вклучувало и отворањето на дополнителни 3,000 работни места, покрај 800 вработени кои TikTok сега ги има во Лондон.
Од ByteDance соопштиле дека се повлекуваат од преговорите поради „поширокиот геополитички контекст“. Одлуката следи по забраната која британската влада и’ ја воведе на кинеската телекомуникациска компанија Huawei да ја инсталира својата 5G мобилна мрежа на територијата на Обединетото Кралство.
Трговските тензии помеѓу Обединетото Кралство и Кина следуваат откако кинеската влада еднострано реши да ја засили својата безбедносна контрола врз британско-кинескиот автономен регион Хонг Конг.
Но, Обединетото Кралство не е единсвената држава која има тензичен однос со кинеските компании и TikTok. Американските власти во повеќе наврати ја истакнуваа својата определба да ја забранат кинеската социјална мрежа, додека пак Индија тоа веќе го стори пред околу еден месец.
Медиумите шпекулираат со името на ирскиот главен град Даблин како нова можна локација за основање на меѓународното седиште на TikTok.