Социјалната платформа за кратки видеа TikTok склучи глобално партнерство со платформата за е-трговија Shopify. Договорот ќе им овозможи на преку 1 милион огласувачи на Spotify полесно да допрат до младата публика на TikTok.
Првата алатка која ја нуди партнерството ќе биде можноста огласувачите од Shopify да создаваат и раководат со маркетинг кампањи на TikTok директно од нивниот контролен панел на Shopify, односно преку Shopify ќе имаат пристап до главните функции на TikTok For Business Ads Manager.
Алатката ќе им овозможува на огласувачите, од нивните веќе постоечки креативни содржини, да создаваат кратки видеа за пласирање на TikTok, притоа таргетирајќи ја публиката врз база на пол, возраст, корисничко однесување и видео категорија.
Опцијата ќе биде достапна за американскиот пазар веднаш, а од следната година и на дел од пазарите во Европа и Азија.
За одбележување на стартот на партнерството, Shopify на огласувачите им нуди рекламен кредит од 300$ за да почнат со својата прва кампања на TikTok.
Од компаниите најавуваат дека ова е само прва од многуте заеднички активности кои ќе произлезат од нивното партнерство.