Кинеската социјална мрежа за кратки видеа TikTok лансираше нова пилот програма која има за цел да ги поврзува корисниците кои бараат работа со отворени работни позиции во големи компании како Shopify, Target, Chipotle и Alo Yoga.
Насловена „TikTok Resumes“ („ТикТок Резимеа“), пилот-програмата засега ќе биде отворена само за корисниците во Соединетите Американски Држави, и тоа до 31 јули.
Голем број на корисници на TikTok веќе ја употребуваат социјалната мрежа за споделување на кариерни совети, вклучувајќи и насоки за изготвување на професионални резимеа и за начинот на однесување за време на работни интервјуа.
Сега, со помош на новата платформа и хаштагот #TikTokResumes, барателите на работа ќе можат да ги презентираатсвоите креативни вештини преку видео, да ги разгледуваат отворените огласи за работа, да ги прегледуваат најдобро оценетите видео резимеа и да гледаат профили кои споделуваат вредни совети за подобрување на кариерата.
„Ние сме почестени што имаме можност да соработуваме со некои од најценетите и растечни брендови во светот, како што тестираме еден нов вачин на кој барателите на работа ќе можат да ги презентираат своите искуства и вештини на еден креативен и автентичен начин,“ истакнува Ник Тран, глобален директор за маркетинг на TikTok.
@coop.cmTiktok do your thing! Check out ➡️ #TikTokResumes #TikTokPartner #productmanagment #jobsearch #graduated♬ original sound – Christian 🚀