Volvo е првиот огласувач кој ќе го искористи рекламниот формат Real Time на Time Inc со посредство на агенцијата SocialFlow. Производот го става логото на брендот до популарна содржина на медиумот на социјалните мрежи. На тој начин, компанијата ќе може да ја искористи публиката на Time, која е ретко монетизирана – онаа на платформи како Facebook на пример.
Секој пат кога содржина на Time ќе има нагло зголемени посети, медиумот ја презентира дополнително на социјалната мрежа, додавајќи го и логото на Volvo. Така, поради популарноста на содржината, брендираните публикации ќе достигнат до поширок круг на луѓе отколку ако се ограничени само на страната на производителот на автомобили. Кога корисниците ќе кликнат на рекламата, таа ќе ги носи до брендирана Volvo страница на која вниманието е фокусирано на компанијата и нејзините производи. Кампањата е реализирана во САД со помош на медиската агенција на шведската компанија – Mindshare. “Целата на нашата маректинг стратегија е строго таргетирана”, вели Тело Ериксон, потпретседател за Маркетинг и комуникации во Volvo North America. “Ние сме niche-бренд и држиме едвај 0,5% од пазарот во САД. Секое наше комуникациско решение треба да постигнува високи резултати, но со ограничен буџет”, додава тој.
Иако кампањата е се’ уште активна, од Time објавија дека Volvo ќе инвестира врз основа на CPM – т.е. на фиксна цена за илјада импресии на логото на брендот, посочуваат од AdWeek.
Форматот на Time Inc. ја користи публиката на седум социјални мрежи на кои е присутен медиумот. Така, брендовите ќе можат да достигнат до 180 милиони луѓе, од кои 40% од нив – на Facebook. Медиумот публикува помеѓу 500 и 1000 содржини на социјалните мрежи дневно (или во просек, по 20 илјади во месец).