Time Inc. за само една недела ќе ги добие и финалните понуди за откуп на целата копанија, кои ќе бидат понуени од страна на 5 потенцијални инвеститори – но, иако нештата се менуваат во компанијата, менаџментот се уште продолжува со макотрпната работа и напорите кои ги вложува силно во полето на дигиталните медиуми.
Компанијата минатиот четврток го лансираше ‘’Well Done’’, бренд на социјални медиуми креиран за љубители на храна кои сакаат да гледаат и споделуват свои видеа.
Well Done е проект предводен од страна на Stacey Rivera, директор на одделот за ‘’дигитална храна’’ на Time и Michael Grady супервизор на продуцентскиот тим базиран во Birmingham, Ala.
Тие ќе продуцираат дневно видео, нови рецепти и новости од областа на храната со наслови како што тоа го прават Cooking Light, Food & Wine, Real Simple, Southern Living и многу други.