Машини почнаа да продаваат принт реклами во Тајм Корпорацијата, најголемиот издавач на магазини во САД, сопственик на брендовите People, Entertainment Weekly, Time и Sports Illustrated :)
Time Inc. одсега дозволува маркетерите да закупуваат принт реклами преку истата автоматизирана технологија што се користи за закупување на дигиталните реклами т.н. ” programatic ad buying.”.
Ланецот суперматкети Target, е првиот бренд кој купи реклами во Time inc. на овој начин. Медиа агенцијата на Target, Haworth го направи закупот и си обезбеди простор на People, Entertainment Weekly, Time и Sports Illustrated.
Како програмираното купување на принт функционира?
Платформата за принт-програмирано закупување е речиси идентична со таа што Tim Inc. ја користи за да продава дигитални реклами.
Медиските агенции можат да ја користат платформата за да селектираат публика до која сакаат да допрат, засега изборот се “луксуз“, “жени“, “мажи“, “животен стил“ и “бизнис-финансии“ но многу скоро од Тајм планираат да додадат уште повеќе сегменти.
Купувачите од старт не знаат во кој магазин ќе се појави нивната реклами, туку само дека ќе биде на место кое ќе одговара со селектираната публика според сегментот кој го одбрале. Купувачите може да побараат специфичен пласман и позиционирање околу некоја конкретна содржина, меѓутоа за сето тоа ќе бидат потребни и дополнителни/напоредни преговарања.
Издавачите на магазини, вклучувајќи го и Time Inc. во моментов веќе имаат систем во кој продаваат реклами по оределени податоци кои ги имаат за нивните претплатници, на пример старосни групи. Тоа значи дека во истото издание на Time Inc. кое треба да го добијат некоја повозрасна жена и некоја помлада жена, околу содржината ќе бидат пласирани различни реклами.
Повеќе информации можете да прочитате во статијата на AdAge.