Магазинот TIME ја објави овогодишната листа на 100 највлијателни луѓе во светот.
Имињата се поделени во шест категории и тоа: Икони, Пионери, Титани, Артисти, Лидери и Иноватори.
Во листата на „Икони“ ги гледаме имињата на принцот Хари и војвотката Меган, тенисерката Наоми Осака, рускиот политичар Алексеј Навални, поп-ѕвзедата Бритни Спирс, пејачката Доли Партон и други.
Меѓи „Пионерите“, се наоѓаат поп-ѕвездата Били Ајлиш, гимнастичарката Суниса Ли, турскиот економист и експерт за енергетика Фатих Бирол, модната дизајнерка Аурора Џејмс, американскиот адвокат Бенџамин Крумп и други.
Во листата на „Титани“, меѓу останатите, ги гледаме американската гимнастичарка Симон Бајлс, генералниот извршен директор на Apple Тим Кук, телевизиската продуцентка Шонда Рајмс, ѕвездата на американскиот фудбал Том Брејди и бенинската пејачка Ангелик Киџо.
Во групата на „Артисти“ се наоѓаат актерките Кејт Винслет и Скарлет Јохансон, раперот Лил Нас Х, актерот и комичар Џејсон Судејкис, актерот Даниел Калуја, кинеската режисерка Клои Жао и други.
На листата на највлијателни „Лидери“ се наоѓаат сегашниот и поранешниот американски претседател, односно Џо Бајден и Доналд Трамп, потпретседателката Камала Харис, кинескиот лидер Си Џинпинг, иранскиот претседател Ебрахим Раиси, израелскиот премиер Нафтали Бенет и други. Притоа, најголеми изненадувања се славадорскиот претседател Наиб Букеле, кој пред скоро го официјализираше биткоинот во својата држава, потоа единствениот новинар на листата на „Лидери“ – Такер Карлсон од Fox News, и за крај, основачот на Талибанците и актуелен прв заменик премиер на Авганистан – Абдул Гани Барадар.
Во листата на „Иноватори“ се вклучени милијардерот Елон Маск, генералниот директор на NVIDIA – Џенсен Хуанг, основачот на криптовалуатата Етериум – Виталик Бутерин, унгарската биохемичарка Кетлин Карико, инжинерката од НАСА – Мими Аунг, камерунскиот виролог Џон Н’кенгасонг и други.
Целосната листа можете да ја погледнете на следниот линк.