По повод Impact Day, предводени од слоганот „Better World“, вработените во глобалната агенциска мрежа Universal Media (UM) низ целиот свет учествуваа во разни општествено корисни активности.
Свој придонес додоа и агенциите UM кои работат во рамките на I&F Група во југоисточна Европа. Така, вработените во агенцијата UM Белград ги санираа последиците од поплавата и собираа отпад на еден од белградските острови, Ада Меѓица. Во таа прилика, е исчистено земјиштето од гранките и пластичниот отпад. Нивните колеги од Загреб, собираа го собраа ѓубрето на најпосетените патеки на познатото излетничко место Слеме. Вработените во UM Сараево под мотото “Не фрлај на пат” го исчистија главниот магистрален пат кон морето, притоа обрнувајќи внимание на важноста на правилното депонирање на отпадот за време на патувањето.
Една од најпосетуваните туристички локации во околината на Скопје, Кањонот Матка, беше локацијата каде што се собраа вработените во UM Скопје. Огромната количина на отпад што ја оставија зад себе неодговорните посетители беше причината што го избраа Кањонот Матка за своја општествено корисна акција. Го собраа отпадот од пешачките патеки, а со помош на кајаци го исчистија и отпадот што се собира во водата и на брегот на реката Треска. Целиот отпад кој е собран во рамките на акцијата Impact Day е распреден по категории, депониран и подготвен за рециклирање.
За разлика од колегите од Белград, Загреб, Сараево и Скопје, кои ги фокусираа своите акции на заштита на животната средина, во Тирана одлучија да укажат на проблемот со прекумерното сончање и потребата за заштита на кожата од сонцето. Летото е период кога многумина од нас одат на море. Покрај употребата на мерки за заштита од сонце, пред сé со користење на соодветен заштитен фактор, неопходно е да се земат предвид и предупредувањата за “метео алармот” кога сончевите зраци се исклучително силни, особено за најмладите. Вработените во медиското одделение на агенцијата McCann во Тирана ги информираа посетителите на плажата, им помогнаа да нанесат заштитна крема и ги предупредуваа на потребата од соодветна заштита од сонцето.