Тимот „Reprezentacija“, составен од Ана Златанов и Кристина Беломарковиќ од агенцијата Represent Communications, победи на петото издание на натпреварот за млади креативци KAKTUS Talents (powered by DExpress).
Второпласиран тим на овогодинешниот натпревар беше „Bodljice“, составен од Јована Даљевиќ и Исидора Петровиќ од агенцијата Friday Fund. Покрај нив, во финалето на натпреварот се најдоа и: тимот „TMR ALK“ составен од Тамара Јевремовиќ и Алекса Одабашиќ од агенцијата DRV; тимот „CTA“, кој го сочинуваа Марко Зориќ и Илија Силјановиќ од агенцијата SVA; тимот „Leopard.net“, составен од Милош Јовановиќ и Младен Милановиќ од агенцијата Leo Burnett Белград; како и тимот „Vrisak“, составен од Лука Здравковиќ и Мирослав Дешиќ од агенцијата smartpoint adria.
Наградата KAKTUS Rising Star му припадна на Лука Здравковиќ од агенцијата smartpoint adria.
На натпреварот се пријавија дури 20 тимови на млади таленти од агенциите во Србија, на возраст до 32 години, кои имаа задача да одговорат на брифот на здружението LiceUlice на тема ментално здравје. Оваа година, младите таленти ја покажаа својата креативност и иновативност во категоријата Креативна употреба на медиуми, а имаа задача да одговорат на дадениот бриф во рок од 48 часа.
Жирито на KAKTUS Talents го сочинуваа 15 истакнати професионалци од компании, креативни, ПР и дигитални агенции од Србија, како и претставник од здружението PROSTOR. Оваа година жирито, предводено од Никола Ризниќ, извршен директор на компанијата DExpress, беше во состав: Наташа Павловиќ, генерален маркетинг директор, Mercator-S; Предраг Петровиќ, раководител на секторот за бизнис развој и маркетинг, Belodore / DP Lux Group; Мирослав Миљеновиќ, креативен директор, SIVO; Милица Шљиванчанин, маркетинг менаџер, Henkel Consumer Brands; Милан Периќ, директор за маркетинг и комуникации, Carlsberg Srbija; Марија Арсиќ, дигитален менаџер, Delta Holding; Лука Ѓукановиќ, маркетинг менаџер, Atlantic Grupa; Иван Вестервен, ко-основач и креативен директор, Creative Disorder Studio; Дуња Дејановиќ, маркетинг менаџер за Југоисточна Европа, Visa; Дијана Вучковиќ, менаџер за дигитални комуникации, Forma Ideale; Дарко Соковиќ, управен партнер за стратегија и развој, Propulsion; Бојана Савиќ, менаџер за односи со јавноста и дигитални технологии, MPC Properties; Александра Стевовиќ, менаџер за планирање на медиуми и врски во Југоситочна Европа и Балтичкио регион, Pepsico; и Александра Косановиќ Стрижак, директорка за маркетинг и комуникации, Erste Banka Srbija.
Наградите ќе им бидат доделни на победниците на фестивалот KAKTUS 2023 by Shoppster Serbia, кој ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Белград.
Повеќе информации за натпреварот и фестивалот можете да најдете на веб-страницата: https://kaktus.rs/