За да им помогне на самците да го најдат своето „совпаѓање“, најпопуларната платформа за запознавање во светот Тиндер открива како да ја совладате уметноста на создавање врвен профил, и тоа илустрирано преку новите замислени профили на некои од најпопуларните лица во историјата на ликовната уметност.
Истакнувајќи дека не е потребна само слика што прикажува илјада зборови, најновата кампања на Тиндер ги искористува некои најпознатите портрети во светот, како оној на „Мона Лиза“ на Леонардо Да Винчи или „Девојката со бисерна обетка“ на Вермер, надополнувајќи ги со соодветни биографии напишани „баш како што треба“. Односно, кампањата ги охрабрува луѓето да инвестираат време и мисли во креирањето на нивните профили, а не да ги направат „туку така“.
Првите впечатоци се најважни, а профилот на секој корисник прикажува слика за нивните допаѓања и недопаѓања од самиот почеток. Според истражувањето на платформата, 30% од припадниците на Gen Z кои се сингл веднаш се откажуваат од потенцијалниот додворувач ако користи лоша граматика и правопис во нивната биографија, додека една третина (35%) се откажуваат ако биографијата на другата личност содржи премногу долга листа на барани особини и обележја за „нивниот идеален тип“ на партнер.
Покрај тоа, истражувањето открило дека 15 до 45 зборови е оптимална должина за биографија, а 50% од млади испитаници рекле дека оние кои ги споделуваат нивните хобија и интереси во биографиите имаат поголема веројатност да го привлечат нивното внимание, додека 51% од младите имаат поголема веројатност да прифатат состанување доколку другото лице понудило увид во нивната личност.