Од своето деби во 2021 година, колекција Tissot PRX се наметна како омилена меѓу љубителите на часовници, нудејќи комбинација на достапност и привлечен дизајн.
Колекцијата PRX на швајцарскиот производител на часовници Tissot е позната по својата разновидност, нудејќи различни големини, материјали, бои и механизми на движење. Оваа година, Tissot го воведува моделот PRX Digital – свежа интерпретација на силуетата карактеристична за PRX, црпејќи инспирација од наследството на брендот и „фанки“ естетиката на 1970-те.
Достапни во димензии од 35 мм и 40 мм, часовниците PRX Digital имаат куќиште од нерѓосувачки челик со златни тонови, карактеризирајќи се со чисти линии, полирани рабови, брусени рамнини и издигната полирана рамка.
За разлика од сличните часовници со стрелки, колекцијата PRX Digital се откажува од традиционалната „круна“ за навивање во корист на полирани копчиња позиционирани кај два часот, четири часот и десет часот.
Во внатрешноста на PRX Digital се наоѓа дигиталниот кварцен механизам DGT-2040 од швајцарско производство, познат по својата сигурност и прецизност. Цврстото куќиште нуди водоотпорност до 100 метри, а нараквицата соодветствува на дизајнот на куќиштето – со брусени површини, полирани рабови и благо заострени форми.
Брендот има вградено различни функции во овој модел, како што се секундарна временска зона, приказ на датумот, хронограф, тајмер за одбројување и дневен аларм. Комбинацијата на правоаголен LCD дисплеј во тркалезно поле алудира на естетиката на раните дигитални часовници.
Новите Tissot PRX Digital часовници се достапни по цена од 375 американски долари за верзијата од не’рѓосувачки челик, односно 450 долари за верзијата со златни тонови.
Официјални застапници за производите на Tissot во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.