Т-Мобиле вработува Специјалист за дигитална комуникација
Потребни услови за работното место
- Високо образование – Економски факултет- Маркетинг или останати факултети
- 3- 5 година соодветно работно искуство
- Активно познавање на англиски јазик
- Искуство во дигитално рекламирање, онлајн комуникација и активности на социјалните медиуми;
- Одлично познавање на MS Office, Power point;
- Напредни способности за пишување;
- Познавање на програмите за веб дизајн;
Кандидатот кој што ќе работи на ова работно место ќе биде одговорен за следниве работни задачи.
- Да воспоставува нови и иновативни начини со цел да се влијае на дигиталните канали и да се осигура ефективност низ повеќе дигитални канали;
- Да го искористува потенцијалот на различни дигитални медиуми за ангажирање на аудиториуми и можност за прилагодување на истите во контекст на јавните медиуми;
- Да демонстрира иновативност и креативност во иницијативите за дигитален маркетинг низ сите функции и платформи, вклучувајќи но неограничувајќи се на веб, мобилни и социјални медиуми;
- Да остварува блиска соработка со Агенцијата и Експертите за маркетинг комуникација за развој на високо ефективен и влијателен план за комуникација преку дигитални канали;
- Да работи со специјалистите за бренд и маркетинг комуникација во спроведувањето на дискусии поврзани со визуелната претстава и креативното насочување на одредените онлајн маркетинг алатки;
- Да ги засили иницијативите за дигитален маркетинг коишто ќе ја зголемат релевантноста и важноста на нашиот бренд на местото на пазарот за дигитални медиуми;
- Да управува со онлајн кампањи, да развива дигитални компоненти за маркетинг кампањи и да го мери успехот на кампањите/алатките;
- Да соработува со еБизнис за градење на атрактивни вебсајтови, работи на унапредување на социјалните мрежи и други дигитални алатки коишти го поттикнуваат сообраќајот на сајтот, градат лојалност за брендот, ја унапредуваат онлајн ангажираноста на корисниците, градат кориснички бази на податоци и ја поттикнуваат продажбата;
- Да ја развива и да управува со содржината за нашиот вебсајт во согласност со вредностите и карактеристиките на нашиот бренд;
- Да креира и имплементира стратегија за комуникација за да ја поттикне свеста за брендот, продажбата на нашите производи низ сите дигитални канали;
- Да помага во зголемување на онлајн присуството на брендот преку дигиталната активност во платени, стекнати сопствени канали, со што ќе се придонесе за градење на имиџот на иновативна компанија;
- Да развива и имплементира иницијативи за социјалните медиуми коишто ја зголемуваат видливоста и сообраќајот низ назначените платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Facebook, Twitter, YouTube;
- Да развива и насочува кампањи за социјалните медиуми за градење на свеста за нашите производи и услуги; како и да развива и надгледува програма за инволвираност на познати блогери или за оние кои имаат социјално влијание коишто може да се искористат за градење на брендот и промоција на услугите;
- Да ги надгледува каналите за социјални медиуми и засилувањето на содржините за да се поттикне присуство на брендот вокомуникацијата преку онлајн канали;
- Да реагира навреме и проактивно да се обраќа кон сите прашања поврзани со социјалните медиуми со цел да овозможи подобар однос со корисниците;
- Да осигура дека нашиот бренд и репутацијата се подобрени преку активностите на социјалните медиуми; тесна соработка со тимот за Односи со јавноста (ПР) со цел активно и навремено да се управува со комуникациите кој се спроведува преку социјалните медиуми;
- Да извршува стратегии за односи со јавноста и социјалните медиуми за поддршка на деловните цели на компанијата во консултација и хармонизација со Секторот за корпоративни комуникации;
- Да извршува други деловни задачи од делокругот на организационата единица по барање на претпоставениот
Од пријавените кандидати се очекува да ги поседуваат следниве способности и вештини
Креативен и иновативен поединец; активно следење на трендовите за дигитална комуникација; аналитичност, тактичност и систематичност во неговото/нејзиното работење; работење во мешани тимови и одличен тимски играч; добар почетник – ентузијаст во изнаоѓањето и имплеметацијата на нови можности; добро организиран, добро управува со времето во поглед на исполнување на целите, одлично познавање на стандардниот македонски јазик (соодветна граматика и изразување).
Вашата биографија може да ја оставите електронски на апликацијата или истата да ја испратите на следнава адреса : Т-Мобиле Македонија АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 или директно во Централната архива со назнака Молба за надворешен оглас – за работно место Специјалист за дигитална комуникација.
Лице за контакт: Соња Каргова, телефонски број 070/200-667
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.
Основна нето плата е во висина од 25.734,00 денари и додатоци на плата.
Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.
Т-Мобиле Македонија АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.
Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.
Датум на отворање: 02.03.2015 | Датум на затворање: 16.03.2015 |