Паралелно со одржувањето на Глобалниот климатски самит во Глазгов, непрофитната еко-организација World Wide Fund for Nature (WWF) лансираше нова кампања со која го насочува вниманието на јавноста кон топењето на арктичкиот мраз.
Во анимираното видео гледаме поларна мечка направена од мраз која под закана на топењето на својата животна средина е приморана да бега. Но, на крајот, нема каде. Целиот свет се соочува со еколошки катастрофи, а мразот едноставно го снемува во водата.
Кампањата искористува еден физички факт – температурата на топење на мразот, и посочува дека за него не може да се преовара, не може да има компромис. „Откако арктичкиот мраз ќе се стопи, нема враќање назад“ – се истакнува во спотот.
Кампањата е реализирана со помош на креативната агенција Nomint.