Компанијата застана на страна на јапонската јавност
Олимписките игри во Токио сé уште не се почнати, а веќе се соочуваат со проблеми – бројот на случаи на корона вирусот во Јапонија почна да расте, позитивни се дел и од натпреварувачите во Олимпиското село, а сега една од најголемите компании во државата го повлекува своето спонзорство.
Имено, јапонскиот мото-производител Toyota одлучи да ги повлече своите реклами кои требаше да се емитуваат за време на Олимписките игри. Дополнително, претставници на компанијата нема да присуствуваат ни на церемонијата на отворање.
Причината за тоа лежи во ниската популарност на овие Олимписки игри меѓу јапонската јавност. Според најновите анкети, мнозинството Јапонци се против одржувањето на игрите во време на пандемија која сé уште не е завршена.
Па така, Toyota се одлучи да се стави себе на страната на граѓаните и да ја повлече својата поддршка за Олимписките игри.
Според изјава на компаниски директор дадена за дневниот весник Yomiuri, „Олимпијадата станува настан кој не го добива разбирањето на јавноста“.