Популарните цртани јунаци, мачорот Том и глувчето Џери, прославуваат 80 години постоење
Приказната за мачорот Том и глувчето Џери кои живеат во иста куќа и постојано се надмудруваат меѓусебно, редовно завршува така што Том останува лут, а Џери успева да стигне до посакуваната цел, со многу бркања и хумористични ситуации.
Овај двоец е измислен во одделот за анимација на МГМ, каде што авторите Бил Хана и Џо Барбера кои имале за цел да го достигнат успехот на другите студија кои постигнаа успех со ликовите како што се Мики Маус и други.
Авторите, кои во тоа време имаа помалку од 30 години, почнале да се појавуваат со свои идеи – Барбера рече дека му се допаѓа едноставниот концепт на цртан филм за мачка и глушец, со конфликти и потера, иако претходно тоа било направено безброј пати.
Првата епизода која беше објавена во 1940 година, постигна огромен успех, па дури на студиото му донесе и номинација за Оскар за најдобар анимиран краток филм.
Тогаш Џаспер и Џинкс, како што првично се нарекувале, станале Том и Џери.
Според Барбера, немало многу дискусии за тоа дали ликовите ќе зборуваат, но поради големиот успех на немите филмови со Чарли Чаплин, авторите знаеле дека ликовите можат да бидат забавни и без дијалог.
Музиката за цртаниот филм е компонирана од Скот Бредли, а славниот човечки врисок на Том го овековечил лично Бил Хана.
Во текот на следните 20 години, Хана и Барбера произвеле повеќе од 100 кратки цртани филмови и за секој од нив им биле потребни неколку недели да ги направат, а секој од нив чинел по 50 000 долари.
„Има нешто во анимацијата. Тоа е евергрин кој не избледнува. Тоа е како да гледате слика од 18-ти или 19-ти век и која сèуште ви зборува“, рече историчарот на цртаните филмови, Џери Бек.
Интересно е што Том и Џери се појавија и во неколку играни филмови – Џери играше со Џин Кели во филмот „Подигнете ги сидрата“ од 1945 година, а Том и Џери се појавија во филмот со Естер Вилијамс од 1953 година – “Опасно е кога е влажно“.
Откако МГМ го затвори студиото за анимација во 1957 година, Хана и Барбера отворија своја продуцентска компанија, меѓутоа, неколку години подоцна, МГМ реши да ги оживее Том и Џери, но без оригиналните автори.
Продукцијата беше преместена во Прага заради намалувањето на трошоците во 1961 година, а аниматорот Џин Деич требаше да го предводи производството, но немаше доволно буџет ниту персонал.
По него, продукцијата ја презеде Чак Џонс, чии аниматори го направија Том со понагласени веѓи и искривено лице.
Неговиот тим направи 34 цртани филмови во периодот помеѓу 1963 и 1967 година.
До 1970 година, многу од првите епизоди на Томи и Џери почнаа да се сметаат за насилни, по што започнаа да се произведуваат епизоди во кои мачката и глувчето беа пријатели, но тие епизоди никогаш не постигнаа успех како оригиналите.
Сепак, Том и Џери и денес сè уште се популарни низ целиот свет, а Кина измисли истоимена игра за мобилни телефони која има повеќе од 100 милиони корисници.
Пред четири години, еден египетски службеник се обиде да обвини цртаниот филм за пораст на насилството на Блискиот исток, додека иранскиот лидер ги спореди односите на земјата со САД како оние на Томи и Џери.
Бил Хана почина во 2001 година, а Џо Барбера почина пет години подоцна.
Во моментов, правата за прикажување на цртаните филмови за Том и Џери ги поседува компанијата Warner Bros и планира да објави нов филм пред католичкиот Божиќ оваа година.