Том Вебстер, глобален менаџер за интернет-заедници во Shell, е еден од клучните предавачи на на Marketing Kingdom Skopje, најголемиот маркетинг-настан во регионот, кој ќе се одржи на 30 септември во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Во својата улога како глобален менаџер за интернет-заедници во Shell, Том Вебстер го надгледува функционирањето на повеќе канали на социјалните мрежи, советува за стратегијата на содржина и најдобрите начини на работа и ја гради публиката на Shell на социјалните мрежи ширум светот. Пред Shell, тој беше продуцент за социјални мрежи во ITV, каде што ги водеше сите аспекти во врска со социјалните мрежи за трите дигитални канали на телевизиската мрежа. Исто така има работено и на неколку започнувања на бизнис и беше и член на дигиталниот комитет на BAFTA, Британската акдемија за филмски и телевизиски уметности.
Неодамна седнавме со Том и го замоливме да ни даде 5 совети за македонските професионалци за маркетинг на социјалните мрежи и за односи со јавноста.
- Однесувајте се како издавач. Веројатно вашиот бизнис не зависи од сообраќајот на социјалните мрежи за да прави пари. Некои бизниси зависат. Погледнете го Buzzfeed. Погледнете го Vox. Ако нивните содржини на социјалните мрежи не се на највисоко можно ниво, тие немаат профит и престануваат да постојат. Учете од нив. Копирајте ги – не ја копирајте нивната содржина, туку нивните техники!
- Работете со платформите. Facebook, Twitter, LinkedIn, YouTube… Сите тие се во бизнисот на правење пари. Сите тие имаат планови и цели, како и план за тоа каде сакаат да бидат. Дознајте кои се тие и усогласете ги вашите планови за социјалните мрежи со нивните. На пример, Facebook сака да заработи пари од видеа. За да го постигнат ова, потребна им е голема библиотека и да бидат местото на коешто луѓето ќе помислат кога мислат на видеа на интернет. Затоа сакаат да се прикачуваат повеќе видеа. Така видеото добива поголема важност на страницата со новости. Брендовите треба да се фокусираат на видеа. Тие ќе добијат повеќе прегледи на нивните содржини, а Facebook ќе стане играч во просторот. Сите среќни и задоволни (освен YouTube!)
- Детално разгледајте ги вашите податоци и искористете ги! Времето кога можевте да гледате на бројот на вашите допаѓања на вашата страница како на клучен податок одамна помина. Сега добрите алатки за социјални мрежи ви овозможуваат пристап до секакви податоци за вашите содржини. Искористете го тоа! Вашите податоци можат да ви помогнат да ги идентификувате најголемите фанови и најтешките противници, што е привлечно на одредени пазари (и што не е!) и секакви други фактори. Сето ова е многу добро, но ако врз основа на податоците не се изведат заклучоци и не се подобрат плановите, тие се бескорисни.
- Погледнете подалеку од платформите кои ги знаете и гледајте каде ви се потрошувачите. Некои луѓе остануваат заглавени со ставот дека социјални се само платформите кои тие ги користат. „Ако јас сум на Facebook, таму се и нашите потрошувачи“. Не е така. Ова е особено важно за оние кои работат интернационално. Пронајдете ја вашата целна група и каде можеби веќе постојат заедници. Тоа може да биде на Reddit, или на Swarm или на WeChat. Научете ги овие платформи. Меѓутоа, не обидувајте се да бидете насекаде. Snapchat можеби е прилично кул, но може не е вистинското место за вас.
- Не заборавајте да се социјализирате. Facebook неодамна беше опишан како „платформа за бесплатно рекламирање содржини“, наместо страница на социјална мрежа. Twitter во продавницата за апликаци премина од категоријата „Социјални мрежи“ во „Вести“. Социјалните мрежи стануваат сè помалку социјални. Но, социјалниот елемент сè уште e суштинскиот. Лесно е да се објави и да се заборави. Но, не е најдобро. Одржувањето на социјалниот аспект гради доверба, предност на брендот и може да ги разреши проблемите и тешкотиите пред да излезат од контрола. Освен тоа, социјализацијата ве тера да ги слушате потрошувачите. Што навистина не е лошо!
Marketing Kingdom Skopje го организира P World, македонска, меѓународна, креативна агенција, која организира луксузни бизнис-настани во 30 земји во светот. Marketing Kingdom за првпат се организираше во Загреб во март 2011 год. и оттогаш настанот се организира годишно во 14 различни земји, меѓу кои Исланд, Египет, Јордан, Мароко и Азербејџан.
Информации за цените и билетите за Marketing Kingdom Skopje можете да најдете на официјалната страница за настанот:
http://www.thepworld.com/pevents/event/135/marketing-kingdom-skopje