Директорот на TSmedia, Томаш Перновшек, во наредната година ќе го предводи управниот одбор на неодамна основаниот огранок на ИАБ Словенија, пренесува Marketing Magazin.si.
Во управниот одбор кој доби мандат од четири години да го развива online-маркетинг пазарот во Словенија, покрај Томаш Перновшек, претставници ќе бидат и Сашо Димитриевски (Renderspace), Аљоша Домијан (Menea), Тимотеј Гала (Httpool), Томаш Крејчиќ (Vzajemna) и Јака Репаншек (Republis).
Во моментов ИАБ Словенија го сочинуваат 25 водечки словенски компании од различни области (дигитални комуникации, e-commerce, медиуми, право, истражувачка дејност итн.)