TAG Heuer е швајцарски бренд на луксузни часовници и модни додатоци, основан во 1860 година од страна на Едуард Хоер во часовничарскиот град Saint-Imier. Оригиналното име на компанијата било Uhrenmanufaktur Heuer AG, а префиксот TAG кон презимето на основачот бил додаден во 1985 година, откако мнозинството од акциите во компанијата биле купени од страна на холдинг групацијата TAG. Трите букви се всушност кратенка на Techniques d’Avant Garde. Во 1999 година, компанијата била купена од страна на француската корпорација LVMH, но го задржала своето име – TAG Heuer.
Најпознати часовничарски колекции на брендот се: Connected, Formula One, Carrera, Autavia, Aquaracer, Link, Monaco и Heuer Heritage.
Брендот е познат како силен поддржувач на мотоспортовите, пред сe’ на Формула 1, но исто така и на спортови како скијањето, голфот и тенисот. Покрај нив, TAG Heuer има партнерства и со повеќе фудбалски лиги низ светот, како што се Бундеслигата, Ла Лига и Серија А, а брендот е и официјален партнер на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед.
Списокот на познати личности чиј часовничарски избор е или бил TAG Heuer ги вклучува и имињата на спортисти и холивудски актери како: Кристијано Роналдо, Аритон Сена, Тајгер Вудс, Мухамед Али, Марија Шарапова, Том Брејди, Бред Пит, Леонардо ди Каприо, Камерон Дијаз и Ума Труман.
Препознатливи слогани на брендот се “Swiss Avant-Garde Since 1860” („Швајцарска авангарда од 1860“) и “Don’t Crack Under Pressure” („Не попуштајте под притисок“).
Во продолжение Ви претставуваме наш избор на најдобрите 10 рекламни спотови на Tag Heuer од последната деценија:
1. Don’t Crack Under Pressure (2015)
2. The new TAG Heuer Connected (2020)
3. The Longest Night (2020)
4. Mikrogirder 2000 – Reveal (2012)
5. The New Autavia Collection (2019)
6. Break Tennis (2019)
7. Mysterious Night at the Manufacture (2019)
8. Wishes 2015 (2014)
9. Manchester United partners with TAG Heuer (2016)
10. The ISOGRAPH Technology (2019)
За сите оние кои се заинтересирани да го додадат TAG Heuer кон својата часовничарска колекција, официјални застапници на брендот за Македонија се Божиновски часовници и накит.