Веста за смртта на Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум луѓе во хеликоптерска несреќа во Калифорнија го преплави светот. Смртта на кошаркарскиот херој предизвика силни емоции кај голем број луѓе кои пораснаа со игрите и спортскиот дух на Коби, инспирирајќи се од неговиот победнички менталитет во секој аспект од животот.
Спортските успеси и допадливата персона на Брајант претставуваа вредности со кои голем број на брендови сакаа да бидат поврзувани, издигнувајќи го и во адвертајзинг ѕвезда на бројни кампањи – од оние кои промовираат спортска опрема, па сѐ до брза храна. Во продолжение се потсетуваме на 5 рекламни кампањи чија главна ѕвезда беше „Црната Мамба“:
1. Adidas
2. McDonald’s
3. Guitar Hero
4. Turkish Airlines
5. Nike – The Conductor