Периодов покрај тоа што е време и да се одмориме, секако е и време кога привршуваме (или започнуваме) со планирање на нашите комуникациски активности за наредната година.
Содржината и контент маркетингот се разбира дека се голем дел од разговорите кои ги водите и плановите кои ги правите, па не е лошо да бидете “опремени“ со најновите препораки, трендови и совети за контент маркетинг.
Блогирањето, SEO , автоматизацијата, социјалните медиуми и видеото продолжуваат да бидат значајни и во 2016 година. Секако, ова не се нови концепти, но начинот на кој им пристапуваме на секој од овие дигитални маркетинг елементи се развива и расте. Креирањето на концепти треба да биде Вашиот главен фокус, следен од платеното огласување, вложувањето во социјалните медиуми и редакциското/стратешко планирање.
За брз преглед на топ контент маркетинг трендовите за 2016 година, имајте си го инфографиков подолу: