Стопанка Банка а.д. Скопје пред извесен период лансираше нова услуга наменета за младите на возраст од 18 до 28 години. Услугата TOPSI за младите нуди бесплатна картичка, трансакциска сметка и 24/7 online пристап, но дополнително вклучува и подарок уникатно дизајнирана TOPSI ID картичка со која младите корисници на услугата добиваат попусти во неколку ресторани и продавници.
Во склоп на кампањата за привлекување што повеќе корисници на новата услуга, од банката започнаа и т.н. “креативен предизвик“ со кој ги повикаа младите да направат што поуникатен дизајн на TOPSI ID картичката во кој ќе го пренесат својот уникатен печат на начин што најмногу ќе ја рефлектира нивната индивидуалност и личен имиџ.
Креаторите на најдобрите дизајни ќе имаат можност да добијат fixie велосипед, smart watch, DR Dre слушалки и многу други вредни подароци.
Предизвикот трае од 24 јуни до 1 јули а повеќе информации можат да се погледнат на следниот ЛИНК.
Како дел од промоцијата на TOPSI, Стопанска банка а.д. Скопје организира и голема журка на 30 јуни пред i-bank store на кејот на Вардар каде посетителите ќе ги забавува српскиот DJ Марко Настиќ.