Креативните билборд реклами отсекогаш предизвикувале големо внимание, така е и со оваа кампања на Saatchi и Toyota.
Toyota се здружи со Saatchi & Saatchi за промоцијата на новиот RAV4 така што го направија највисокиот ѕид за качување некогаш изграден во Њу Јорк. Тимот создаде 37 метарски висок вертикален ѕид за качување кои тежи скоро 3 тони, за чие искачување, на професионални качувачи им се потребни 10 до 15 минути.
Ова е одлична кампања бидејќи се наоѓа во центарот на Times Square и има голема прегледност. Единствено прашање што преостанува е дали ќе биде доволно време тука за да им овозможи на што поголем број на луѓе да пробаат и да се искачат.