Со оваа high-tech печатена реклама, Тојота на читателите им го зголемува бројот на отчукувањата на срцето и докажува дека принтот може да одговори на предизвиците на дигиталната доба
Креативците од агенцијата Saatchi&Saatchi создадоа искуствен, рачно изработен 3Д прилог за еден магазин, со цел промоција на новиот модел на Тојота, а она што е интересно е комбинирањето на традиционалниот принт и новите технологии. Имено, за технологијата која се користи за овај маркетинг потег, била потребна соработка со специјализираната компанија за 3Д принт, како и осум месеци истражување, развој, инженеринг на хартија и електроника, специјална технологија и функционалност.
50.000 прилози се рачно изработени и направени за да ја имитираат внатрешноста на новиот модел Camry. Сите делови се поврзани во слоевиден 3Д ефект, а низ слоевите се ставени жиците и батериите, за да се “доживее“ целото искуство. Претплатниците на женскиот магазин за животен стил InStyle ги добија овие прилози во изданието за месец март.
За да го отворат прилогот, читателите треба да го стават палецот на металните сензори поставени на рачката на вратата, а по отворањето, се активира мирис на кожа, со цел да му се овозможи на читателот да се почувствува како тој навистина да седи зад воланот на новиот автомобил. Благодарение на металните сензори на рачките, се следат и отчукувањата на срцето на читателот, а податоците се испраќаат на мониторот кој се наоѓа во аудио конзолата на возилото, со соодветно LCD осветлување и звуци.
Главната идеја од која се водеше Saatchi&Saatchi беше “Дали веднаш тоа ќе ги натера луѓето да почувствуваат како да возат нов Camry?”, изјави креативниот директор на агенцијата, Марк Давињон. “Потоа почнавме да поставуваме прашања. Зборовите и сликите се одлични, но како да вклучиме повеќе сетила? Како да ги доближиме луѓето во искуството? Како да направите интерактивен принт? Како да ги ставиме луѓето зад воланот? Како да им дадеме можност да ја допрат контролната табла? Да ја помирисаат кожата? Да почувствуваат возбуда? “
“Принтот поминува низ сопствена технолошка револуција“, заклучува Давињон. “Значи, она што е можно, продолжува да се менува. Ако бараме повеќе кога работиме со печатот, тогаш тој е апсолутно способен да одговори на предизвикот“