Јапонскиот автомобилски бренд Toyota лансираше нова реклама за американскиот пазар во која го промовира новиот автомобил Corolla Cross XLE. Главна ѕвезда на рекламата е американскиот танцувач, кореограф и интернет инфлуенсер Обри Фишер.
Музичката реклама го прикажува Фишер и неговата танцувачка група како синхронизирано и без никаква мака го товарат својот автомобил со куфери, ги отвараат вратите и ги врзуваат појасите. Спотот завршува со сцена во која на групата им се приклучува уште еден член, за кој се чини дека за малку и ќе го „заборавеа“, по што сите заедно заминуваат на својата следна патна авантура.
Крајот на спотот завршува со нарација која го најавува новиот автомобил и го искажува слоганот на брендот: “Let’s go places” („Ајде да одиме на места!“).
Танцувачкиот спот е проследен со песната “I Got It” од американскиот хип-хоп артист Jung Youth.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Burrell Communications и продукциската куќа In & Out Productions.