Реља Јовиќ, Chief Digital Officer, I&F Grupa
Нашата реалност прилично се промени. Епидемијата на новиот вирус COVID-19 прерасна во пандемија, а преку ноќ, буквално, реалноста на нашите животи стана поинаква. Се промени начинот на кој работиме, начинот на кој се дружиме, начинот на кој се сакаме, начинот на кој ги поминуваме нашите денови, начинот на кој купуваме, начинот на кој читаме. Таа промена е овозможена благодарение на технологијата која е длабоко во нашите животи поради фактот што како човештво живееме среде нешто што се нарекува дигитална револуција. Зборот дигитална трансформација, во последните години не е ништо повеќе од примената на овие дигитални технологии во секојдневното работење, така што таа ја зголемува ефикасноста, го подобрува квалитетот и веројатно ја намалува цената на работниот процес.
Сè до “вчера“, во многу компании, некои од елементите на дигиталната трансформација, како што е работа од дома, беа скоро незамисливи. Многумина се прашуваа дали е можно, дали луѓето ќе работат вредно, дали сите процеси ќе функционираат правилно, а потоа преку ноќ стана возможно. И уште поважно, успешно. ИТ службата во I&F Групацијата, која работи во 12 земји, веќе долги години работи на примена на сите модерни технологии, водејќи сметка за тоа секоја имплементација да биде безбедна. Кон крајот на минатата година, кога агенцијата Drive ја сертифициравме по ISO стандардот 27001 за дигитален маркетинг, ревизијата покажа дека сме подготвени. СОВИД-19 и го докажа тоа. Силата на нашите луѓе може да се покаже каде и да се тие, каде и да работат за нашите клиенти. Мене лично, пандемијата ме затекна во Јордан, која ги затвори границите, и од кеде имам дневни состаноци со нашите тимови без никакви проблеми.
Оваа пандемија ќе отвори и ќе продолжи да отвора многу прашања за понатамошната насока на дигиталната трансформација. Постојат мислења кои велат дека што и да се случи во овој период, компаниите мора да продолжат да инвестираат во дигитална трансформација за да бидат подготвени за сите предизвици што ќе се појават по завршувањето на пандемијата, но и за оние што може да се случат доколку се појави нов бран на зараза, во текот на оваа во есен или зима. Консултантите советуваат дека нивото на инвестиции мора да се одржи така што компаниите барем не би ја изгубиле позицијата која ја имале пред пандемијата во однос на нивните конкуренти. И тоа е секако правилното размислување.
Се разбира, може да се дискутира во која насока треба да одат инвестициите или одржувањето, дали треба да се размислува за опрема во просториите или сериозна и целосна миграција кон colud услугите, но она што не треба да се заборави е безбедноста. Во времето што сега е зад нас, различни стартап компании започнаа да користат голем број на разни сервиси кои речиси со вирална брзина (зборот вирално ширење во последниот мресец има сосема друга „тежина“ од порано) станаа популарни.
Ќе ги земам за пример видео конференциите на софтверот Zoom, кој во изминатите неколку дена, покажа дека “не се грижи“ премногу за безбедноста и приватноста на своите корисници. Погрешно е компанијата да се определи за некое популарно решение кое не ги применува сите правила за безбедност, а цената на таквата примена може да биде многу висока во иднина. Претходната практика, која за среќа е заборавена, според која се мислеше дека хакерите не се криминалци, туку „деца“ кои си играат и дека кршењето на авторските права на интернет е симпатично, денес прерасна во речиси лековерна употреба на разни апликации и веб услуги, без да се размисли што се случува со приватноста на податоците и нивната безбедност на тие сервиси.
Ваквите појави доведоа до донесување на законот за GDPR, или Законот за заштита на личните податоци, но година и половина подоцна овој закон е под голем морален притисок. Прашањето е колку луѓето денес се подготвени да се откажат од заштитата на податоците за да си дадат малку поголема слобода или сигурност. Во Кина, каде има апликации кои ги следат движењата на граѓаните, нивните средби со други луѓе, трошење пари и финансиски трансакции, развиен е алгоритам кој им дава на луѓето зелен, портокалов или црвен статус, што ја дефинира веројатноста за нивната заразеност со вирусот КОВИД-19, а во случај некој да биде заразен, епидемиолозите доаѓаат до сите потенцијални луѓе кои се изложени на ризик.
Во неколку земји во ЕУ е започнат пилот-проект во кој граѓаните можат доброволно да се следат преку мобилен оператор и да им се следат трансакциите со платежни картички, а за возврат да добијат поголема слобода на движење. Значи, доаѓаме до моментот кога може да се определиме за помала приватност заради поголема слобода. Друг пример се базите на податоци на различни трговци и брендови, кои беа речиси главна тема на одредбите на GDPR. Луѓето кои до вчера се жалеа на премногу често контактирање со разни понуди, денес во некои земји, бараат да добиваат понуди за да можат да нарачуваат стоки и услуги преку интернет.
Екомонијата на споделување, која до вчера беше многу чест задолжителен елемент на приказните за иднината, денес доаѓа под знак прашање. До вчера, една од главните приказни беше дека електричниот автомобил на иднината ќе нè донесе на работа, а потоа тој автомобил, кој ќе биде пријавен на некој сервис за споделување возила, самостојно ќе го возат други луѓе низ градот, ќе заработува пари додека сме на работа, и кога ќе дојде време, да дојде по нас да нè однесе дома. Денес, дали би сакале помеѓу вашите две возења, во вашиот автомобил да се возат десетина непознати странци кои можеби го оставиле вирусот СОВИД-19 некаде внатре? Големото прашање е дали економијата на споделување ќе преживее и во која форма, или ќе прерасне во економија на изолација и што точно ќе значи тоа. Исто така, се поставува прашањето дали брендовите кои традиционално им препуштале “last mile“ контакт со потрошувачите на некој друг, ќе продолжат да функционираат на тој начин, или ќе треба да размислат за директна испорака до потрошувачот? На пример, дали вашиот омилен бренд на грицки, треба да смисли начин како да ви испорача вас и на вашите пријатели кои гледате филм преку Netflix, секој во својот стан, а сепак заедно? И дали тоа ќе биде работа на брендот или или трговскиот ланец?
Технолошката трансформација низ која сега минуваме под влијание на невидливиот „непријател“ не мора да значи смислување нови технологии – честопати е доволно да се најде нова употреба за веќе постојната технологија. Добар пример е СМС-пораката (првата СМС-порака е испратена во 1992 година), која многу земји ја користат како главен канал за информирање на јавноста за важните локални информации или предупредувања. Социјалните мрежи. Апликациите за размена на нпораки. И-мејл. VPN. Netflix. YouTube … Листата е неограничена, важно е само да не се внимава дали постои некаков безбедносен ризик при користење на некои од овие технологии.