По повод годишнина од отворањето на i-bankstore и спонзорството на Виз Ер Скопски маратон, Стопанска банка овозможува дигитална маратонска трка на 42 километри и организира забава за сите учесници по завршувањето на маратонот.
Во духот на спортот и маратонската еуфорија, во желба да се споделат моментите од овие вредни достигнувања, да се поттикне натпреварувачкиот дух и навивачката страст, Стопанска банка АД – Скопје и натаму придонесува кон создавање дух на поддршка и партнерство со сите спортисти и рекреативци, учесници на маратонот.
За да им овозможи чувство на вистинска трка, во недела, на 10 мај, на денот на Скопски маратон, Стопанска банка во 10 часот ќе го активира најдолгиот дигитален банер од 42 километри, поставен на некои од најпознатите веб портали (Црно бело, Фемина, Кајгана, Мотика, Точка и Тајм).
Посетителите ќе можат виртуелно да се тркаат на истата патека како и маратонците, од Порта Македонија до Скопскиот плоштад. Првопласираниот ќе добие PlayStation 4, а за останатите се обезбедени супер утешни награди.
Во 20 часот, истиот ден по завршување на маратонот, ќе биде организирана и забава за сите учесници на маратонот во i-bank store на кејот на Вардар. На забавата, освен бесплатни пијалаци, гостите ќе уживаат во рок забавата на Бени Шаќири и диџеј Гоце Саф, а ќе се доделат и награди, две бесплатни котизации за маратонот во Њујорк.
„Да се поддржува ваков извонреден настан, како Скопски Маратон е наша лична и институционална определба. Нашиот тим на маратонци веќе се подготвува и нивната спортска сила и натпреварувачки дух за нас се голема инспирација. Наша замисла беше да ги поддржиме, охрабриме и мотивираме сите оние што ќе трчаат и затоа креиравме најдолг дигитален банер кој на учесниците ќе им обезбеди вредни награди и ќе им овозможи доживувањето слично како вистинска трка. Им посакувамемногу среќа на сите учесници во трката за PlayStation 4“ – изјави Милица Чапаровска – Јовановска, Генерален Директор за банкарство на мало и член на Управен одбор на Стопанска банка.
Стопанска банка ќе биде присутна за време на маратонот со свој штанд во паркот „Жена Борец“ како еден од главните спонзори на маратонот, како и со намера да даде поддршка за маратонците и за целиот настан, афирмирајќи го своето мото „На ваша страна“, овој пат на страната на спортот, извонредните спортски достигнувања, како и на страната на помладата генерација.