Годината е при крај, а во 2020 нé очекува ново поглавје на возбудливи нови трендови во светот на дизајнот. Онлајн алатката за брендирање Logaster понуди прогноза за тоа што можеме да очекуваме во претстојната година кога е во прашање дизајнот на логоа.
Во септември годинава, Yahoo го еволуираше своето лого во поедноставена верзија со „смел“ и „чист“ фонт. Веројатно е дека минималистичкото брендирање ќе продолжи и во 2020 година. Но, геометриските дизајни веќе некое време се во центарот на вниманието и се очекува дека тоа ќе продолжи и во новата година со сложени обрасци и линии.
Исто така се чини дека дизајнерите би можеле да се оддалечат од вообичаените san-serif фонтови преку инкорпорирањето на нови и уникатни фонтови во мешавината. Иако симплистичките дизајни станаа норма, во 2020 година ќе видиме повеќе максималистички елементи, како поголема градација бои и неонски нијанси, додавајќи малку „енергичност“ на логоата.
Дизајнерите кои се подготвени да пловат во „некартирани води“, можат да мешаат типографија и да истражуваат хаотични структури на текстот, со цел да ја привлечат публиката која има пократок распон на внимание.
Другите впечатливи елементи ќе вклучуваат разградување на текст, геометриски букви, амблеми, различни размери и повеќеслојни дизајни. Во продолжение следува разнобојниот инфографик на Logaster кои ги објаснува нивните предвидувања за топ 10 трендови во лого дизајнот за претстојната 2020 година.