WARC го објави овогодинешниот извештај за дигиталните стратегии, преку анализа на победничките кампањи и оние кои се најдоа во потесниот избор во категоријата Effective Social Strategy на овогодишните WARC Awards награди.
Извештајот Social Strategy Report 2017 на WARC, ги нагласува следниве клучни трендови:
– Дигиталните кампањаи за да се успешни, мора да се натпреваруваат со вестите и другите содржини кои го одвлекуваат вниманието на корисниците. Затоа, вашата кампања не само што треба да биде дел од вестите, туку таа треба да биде вест.
-Приоритет нека ви бидат луѓето.
– Потребите на публиката на прво место треба да бидат појдовна точка за креативност. Вниманието на луѓето е околу нас, треба само да го заслужиме, а не да го купиме.
– Фокус на мерењето: Силно се препорачува напуштање на краткорочните критериуми, како што се прегледите и импресиите.
– Поставете јасни цели: Дигиталните стратегии треба да стават повеќе акцент на својата цел уште од самиот почеток. Со оглед на тоа што дигиталните напори сега се поблиску усогласени со целите за продажба, правилното поставување на целите е од витално значење за нивна еволуција.
Податоци од извештајот на WARC, Social Strategy 2017:
- 14% од кампањите во потесниот избор биле долгорочни.
- 29% од кампањите во потесниот избор, немаат јасна или примарна цел за својата дигитална кампања.
- 40% од кампањите во потесниот избор, ги користеле социјалните медиуми за успешно да изградат свест и интерес.
- 57% од кампањите во потесниот избор имале временско траење од шест месеци или помалку.
- 57% од кампањите во потесниот избор биле интегрирани во поширок маркетинг микс.
- Оригиналноста е сеуште најзначаен фактор за успешна дигитална кампања.
- Видеото и понатаму доминира во дигиталните кампањи.
- Вклучувањето на славните личности и понатаму е високо рангирано, особено во дигиталните кампањи во Азија и MENA регионот.
Извештајот за дигиталните стратегии на WARC, е достапен на warc.com.