Третиот ден од NEM Dubrovnik 2025 донесе богат и разновиден програмски распоред, кој ја одразува комплексноста и динамиката на денешниот телевизиски пејзаж. Лидери од индустријата се собраа за да разговараат за регулаторните рамки, променливите пазарни трендови, стратегиите за содржини и улогата на позиционирањето на глобалните брендови. Со ексклузивни презентации, дискусии на високо ниво и проекција на оскаровски номинираниот краток филм „The Man Who Could Not Remain Silent“, третиот ден понуди сеопфатен преглед на насоката во која се движи ТВ-секторот. Денот заврши со „ABBA Night with Pickbox & Viaplay – Mamma Mia!“ во дубровничкиот локал Lazareti, заокружувајќи еден ден исполнет со бизнис и вмрежување.
Денот започна со панелот „Аудиовизуелната иднина на Европа: Дали ги имаме потребните услови за успех?“, кој ги собра гласовите на индустријата од Viaplay, European Audiovisual Observatory, EFAD и POP TV. Панелот истражуваше дали Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги ефективно го поддржува растот и продукцијата на европските содржини, особено кај стриминг платформите.
Бранко Чакармиш, стратегиски советник во POP TV, ја нагласи важноста од фокусирање на сопствените европски предности наместо обидите за натпреварување со глобалните гиганти. Наместо да се игра според правилата на поголемите пазари, Европа треба да го поддржи својот „терен на игра“, кој ги вреднува локалните, автентични приказни. За помалите пазари, квотите често нанесуваат повеќе штета отколку корист, особено во креативниот сектор. Тој посочи дека средствата наместо да одат во исполнување на арбитрарни цели, треба да се пренасочат кон локални проекти каде што навистина значат.
Крис Марчиќ, извршен директор на HAVC, претседател на EFAD и AGICOA, го сподели своето гледиште за директивата: „На едно ниво, директивата навистина е успешна – ја достигнавме целта од 30% или повеќе европска содржина, што само по себе е постигнување. Но, постојат области кои очигледно бараат подобрување. Во моментов, постојат правни празнини и гледаме малку или никаква конкретна корист од неа, особено кога станува збор за инвестиции во помалите земји.“
Еден од врвните моменти на денот беше проекцијата на краткиот филм „The Man Who Could Not Remain Silent“, проследена со Q&A сесија со режисерот Небојша Слијепчевиќ и продуцентот Данијел Пек, модерирана од Сања Божиќ-Љубичиќ. Филмот беше достапен за гледање во посебен простор во текот на целиот фестивал NEM Dubrovnik.
Во сесија на прашања и одговори насловена „Моќта на глобалните ТВ брендови“, Боб МекКорт, оперативен директор на Fremantle, зборуваше за тоа како силната глобална интелектуална сопственост и бренд идентитетот влијаат на пазарниот успех. Тој го нагласи долготрајниот шарм на франшизи како Got Talent и Baywatch, и ги анализираше факторите зад нивната трајна релевантност.
Осврнувајќи се на успехот на глобалните формати во локалните пазари, МекКорт рече: „Овој регион останува неверојатен пазар за забавни формати. Има 22 локални верзии на Got Talent, 12 на Idol, 10 на Family Feud и 12 на The Price Is Right. Овие шоуа продолжуваат да живеат и на социјалните мрежи како YouTube и Facebook. Во 2024 година бевме седми најголем издавач на содржини на YouTube глобално.“
Марк Џејмс, потпретседател за меѓународна продажба и Луиз Падфилд-Вилкинс, директорка на продажба, ја претставија програмската понуда на Lionsgate, вклучувајќи ексклузивен прв поглед на новата адаптација на Робин Худ.
Ленка Сзанто од Oneplay даде преглед на истакнати наслови за 2025 година, со акцент на оригинални содржини по спојувањето на O2TV и Voyo.
Во презентацијата „Viaplay & Pickbox: Partnering for Growth in Southeast Europe“ беше претставено стратешкото партнерство на двата брендови со фокус на жанрот „true crime“, форматски подготвени IP и скалабилна дистрибуција. При воведот на Ванда Рапти, извршна потпретседателка во Viaplay Group, Сања Божиќ-Љубичиќ изјави: „Pickbox отсекогаш се стремел да понуди препознатлива содржина – нешто што нè издвојува на еден пренатрупан пазар. Партнерството со Viaplay е врвен пример – кое ги поместува границите на регионалниот стриминг пазар. Резултатот е дека премиум нордиската содржина е достапна ексклузивно на Pickbox NOW и Pickbox TV. Ова партнерство ја спојува локалната сила на Pickbox со врвниот квалитет на продукција на Viaplay.“
Eutelsat Group ја презентираше иднината на линеарната телевизија, разоткривајќи митови и покажувајќи потенцијал за раст.
Панелот „Лидерство во јавните медиумски сервиси“ ги собра високите претставници од EBU, HRT, RTV Slovenia, Latvian Public Media и Bulgarian National Radio.
Борбата против пиратеријата беше централна тема на панелот „Piracy and Profit Loss“, каде учествуваа претставници од AAPA, ACT, Hrvatski Telekom, Telemach Croatia и ITV Studios.
Денот заврши со панелот „Streamers Are Becoming Operators and Operators Are Becoming Streamers?“, спонзориран од Backscreen, каде директори од Warner Bros. Discovery, Paramount Global Content Distribution, RTL Croatia, Pro Plus Slovenia, A1 International Business, Deutsche Telekom AG и Tet Latvia дискутираа за трендовите каде стримерите додаваат линеарни канали, а операторите ги интегрираат стриминг платформите.
Улдис Татарчукс, директор на Tet Latvia, изјави: „Од моја перспектива, сите се натпреваруваме за вниманието на клиентот, но истовремено сме активни учесници во многу поголем процес – брзата еволуција на индустријата во свет што постојано се менува.“
Додека деловното вмрежување беше во полн ек, AMCNI CNE објави значаен договор на повеќе територии со M7 Group, во сопственост на Canal+, еден од најголемите европски провајдери на pay-TV услуги.
Ноќта заврши со збавата „ABBA Night with Pickbox & Viaplay – Mamma Mia“, организирана од Pickbox и Viaplay во локалот Lazareti, која послужи како совршен крај за 12. издание на NEM Dubrovnik.