- Извршниот директор на SkyShowtime одржа главна сесија
- Lionsgate ја претстави нивната нова серија „Fake“, а Keshet International и TV NOVA/VOYO го претставија новиот шпионски трилер „Extractors“
- Презентација на ТВ производи од иновативни технолошки компании
- Pickbox прослави 10 години успешен бизнис на седум пазари во Централна и Источна Европа
Третиот ден од NEM Dubrovnik 2024 го насочи вниманието кон најсовремените технологии кои секојдневно го подобруваат начинот на кој функционира ТВ индустријата. За време на утринското кафе, поддржано од TV Product Showcase, учесниците разговараа за најновите трендови и се подготвуваа за уште еден исполнет ден во Дубровник.
Најочекуваната сесија на прашања и одговори беше онаа на Монти Сархан, извршен директор на SkyShowtime. Сања Божиќ-Љубичиќ му посака добредојде на главниот говорник на сцената за неговото второ последователно учество на NEM Dubrovnik. За време на интересниот разговор, Сархан понуди увид за неодамнешното достигнување на SkyShowtime – лансирањето на нивниот план поддржан од реклами на сите 20+ пазари, вклучително и Централна и Источна Европа (ЦИЕ).
„За нас, целта е да им дадеме на потрошувачите поголем избор и флексибилност бидејќи тие бараат попристапни опции кога станува збор за стримингот. Луѓето зборуваат за замор од стриминг, а има повеќе сервиси кои заземаат удел во паричникот. Сакавме да ја задржиме добрата вредност за парите“ – рече г-дин Сархан и праша: „Зошто на потрошувачите во ЦИЕ не би им го овозможиле истото ниво на избор и опции што им ги даваме на потрошувачите на другите пазари?“
Што се однесува до новите содржини, Lionsgate одржа проекција на нивната нова серија „Fake“. Исто така, Keshet International и TV NOVA/VOYO го претставија хит шпионскиот трилер „Extractors“. Инспирирана од вистински настани, оваа драма од шест дела ги следи активностите на тајната чешка разузнавачка единица задолжена да ги спасува загрозените чешки граѓани од странство и да ги врати дома.
За растечката одговорност на продуцентите зброуваше Акос Ердос, извршен директор на Paprika Studios Group, како дел од сесијата на прашања и одговори насловена “TV Show vs. Content”. „Сè се сведува на релевантно локално раскажување приказни. Полесно е да се продуцира за поголема земја отколку за помала земја; дефинитивно е поврзано со буџетот. Форматите стануваат пошироки, жанровите се отвораат и се доближуваат еден до друг. Истото важи и за содржината во долги и кратки форми. Колку и секој да бара решение за да ја привлече публиката, особено помладата публика, треба да го земете предвид фокусот и времето поминато на секоја содржина. Распонот на вниманието е многу краток и треба да се прилагодиме“ – посочи Ердос.
Три иновативни технолошки компании го кажаа својот збор за време на TV Product Showcase – специјална платформа за компании кои развиваат револуционерни решенија: Gcore, Answers и Bunny.net.
Првата сесија на денот, насловена “The Unscripted Quest: Hunting for the Next Hit Format”, се обиде да дефинира каква е иднината на форматот без сценарио. Панелистите од реномираните компании Fremantle International, ZDF Studios, ITV Studios, IDTV, CME и Asacha, ја споредија ситуацијата во ЦИЕ и остатокот од Европа.
Панелот „Panel Pain or Drain – Intelligence Driven Video Distribution“, спонзориран од NPAW и Backscreen, ги промовираше придобивките од образованите одлуки во однос на производите, содржините и рекламите. Компании кои учествуваа на панелот беа Sky Switzerland, Alika Media and Tech и Cosmote TV OTE S.A.
Услугите FAST и AVOD се во пораст и ги следат SVOD услугите во однос на додавање реклами на нивните платформи. Панелистите на панелот „New Era of Advertising“ се обидоа да ги предвидат трендовите на пазарот кога станува збор за адресибилното огласување во ЦИЕ. Каква е иднината на софистицираните техники и техники засновани на податоци за испорачување на таргетирани и персонализирани реклами до гледачите? Компании кои одговорија на тоа прашање беа Tivio Studio, Ateme, Amagi Corporation и BIG Picture.
Уште еден возбудлив панел – “TV Operators (Telcos) as Streamers” – вклучуваше панелисти од Telekom Serbia, Deutsche Telekom AG, POP TV и A1 Telekom Austria Group. Тие разговараа за телекомуникациите кои влегуваат во сферата на стримингот со нивната постоечка инфраструктура и влијаат на индустријата преку групирање на стриминг услуги и канали во регионот на ЦИЕ.
Денот заврши со голема прослава во клубот Lazareti во Стариот град на Дубровник, каде Pickbox ги одбележа првите десет години на успешен бизнис во седум пазари во ЦИЕ. Забавата “10 Years of Pickbox: A Decade of Stories from Stream to Screen” ги собра пријателите и партнерите на компанијата и двата бренда – стриминг сервисот Pickbox NOW и линеарниот платен телевизиски канал Pickbox TV.
„Десет години возбуда и напорна работа. Благодарение на посветеноста на нашиот тим и поддршката од нашите партнери, Pickbox помина долг пат – од тоа да биде првиот стриминг сервис во регионот и да ги промени навиките на публиката, до достапност во многу домаќинства преку два бренда на седум територии. Ви благодариме на сите што верувате во нас!“ – истакна Сања Божиќ-Љубичиќ, извршна директорка на Pickbox, Mediatranslations, Mediavision и NEM.
Последниот ден на NEM Dubrovnik 2024 година го искористија изложувачите на локациите Sunset Area, Mare Area и NEM Terrace за да постигнат деловни договори, а другите учесници да се збогуваат до следното издание на ТВ-пазарот со добар поглед во 2025 година.
Повеќе информации за настанот можат да се најдат на официјалниот вебсајт NEM Dubrovnik 2024.