Потрошувачкото искуство и услугата на купувачите се она што може да им помогне на трговците да се соочат со претстојните предизвици
32% од трговците во Велика Британија признале дека “не можат да спијат” поради страв од тоа како Амазон ќе влијае на нивниот бизнис, се наведува во новата студија објавена од страна на дигиталната агенција Greenlight.
Истражувањето, исто така, покажа дека 29% од експертите за маркетинг сè уште не знаат како да одговорат на доминацијата на Амазон на пазарот. Повеќе од една третина од испитаниците (39%), исто така, се загрижени за монополот на овај онлајн трговец во трговијата на мало, кога станува збор за настани, вклучувајќи ги и Cyber Monday и Prime Day. 33% од испитаниците исто така се загрижени за конкурентните цени и начинот на кој “екосистемот” на Амазон обезбедува потрошувачи (28%).
Меѓутоа, анкетираните трговците идентификуваа и некои области во кои тие би можеле да се истакнат, на пример, нудејќи подобри услуги за корисниците, а 39% од нив сметаат дека го прават токму тоа, додека 36% од испитаниците веруваат дека нудат стручност кога станува збор за производите кои ги нудат.
Андреас Поурос, извршен директор на Greenlight, вели: “Не е изненадувачки тоа што доминацијата на Амазон ги загрижува компаниите кои сега си го поставуваат прашањето за тоа како можат да останат конкурентни. Но, тоа не треба да се смета за конкуренција или закана. Амазон нуди огромна можност за компаниите кои сакаат да стигнат до поширока публика, без разлика дали тоа е дигитален рекламен простор или пристап до глобална дистрибуција. Дигиталните продавачи не можат да ја игнорираат огромната вредност на глобалниот пазар на Амазон и активната публика. Комбинацијата на врвната услуга за копувачите со ефективната комуникација на брендот преку огласувачките можности на Амазон е најефективниот начин на заедничка работа за иднината – без разлика дали се работи за мали, независни трговци или поголеми организации. Фокусирањето на искуството на потрошувачите и услугите на клиентите ќе продолжи да биде во средиштето на пазарната битка. Дури кога тоа ќе биде широко прифатено, компаниите со стручносст и висок квалитет на услуги за клиентите, ќе можат да коегзистираат и напредуваат во свет каде што Амазон ќе продолжи да обезбедува ефикасност во е-трговијата на високо ниво. “
Истражувањето опфати 201 дигитални продавачи од цела Велика Британија, а беше спроведено од страна на истражувачката фирма Viga во април 2018 година.