Третиот ден на NEM беше посветен на најновите трендови и нивното влијание врз медискиот пазар. Експертите ги споредија стриминг платформите на претплата со телевизиските канала и изразија оптимистичност за идната генерација на корисници. Учесниците имаа можност од Applicaster да научат нешто повеќе и за севкупното дигитално искуство.
Квалитетните содржини се клучот за успех
Во дискусијата за вечните (не)пријатели – платформите на претплата и ТВ каналите – беше истакната потребата за прилагодување на технологијата спрема спцифичните пазари.
„Се наоѓаме во златното доба на телевизијата, што значи дека имаме поголема конкуренција, поголеми буџети и повеќе вложувања. Но, мораме да останеме фокусирани на создавањето содржини бидејќи ако почнеме да се фокусираме на дистрибуцијата наместо на содржините, ќе имаме проблеми,“ истакна Салим Мукадам од BBC Studios.
Се зборуваше и за потребата од различните технологии кои се користат денес во медиумите.
„Нашата стратегија е да ги бараме специфичностите на пазарите при планирањето на спроведувањето на програмата и воведувањето на нови технологии. Прилагодувањето кон локалниот пазаер е клучно, во овој случај не постои единствено, универзално решение,“ рече Катерина Бехрендс, генерален директор на групацијата NBCUniversal International Networks за Источна и Средна Европа.
Дискутирајќи за улогата на милениумците како корисници, Катерина Павловиќ, програмски директор во Prva Srpska Televizija, истакна: „Мнозинството од регионалната публика е постара од 40 години и не можеме да ги игнорираме. Очекувам дека милениумците ќе го променат своето однсеување кога ќе станат повозрасни. Верувам дека ќе ги променат навиките и ќе се вратат на линеарната телевизија. Телевизиските куќи треба да им понудат интересни содржини со цел да ги привлечат назад.“
Што се однесува до спориот технолошки напредок во регионот на Централна и Источна Европа, Милош Томиќ, предводник на одделот за договарање мултимедиумски содржини во Telekom Srbija, го посочи следново: „OTT дефинитивно ќе пристигне и во овој регион, но сега сé уште не е време за тоа поради економски причини, но уште повеќе поради неразбирање на вредноста на производот.“
Учење примери на добра практика
Зборувајќи за флексибилна стратегија за содржин, Алберто Мари, директор на продажба во Applicaster, понуди решение за подобрување на севкупното искуство. Истакнувајќи дека самиот квалитет на содржините не е доволен за конкурентни дигитални содржини или OTT компанија, Мари инсистира на вклучување на дизајнот, утилитарноста и квалитетот на стримингот во целокупното искуство со цел да се задоволат корисниците. Мари со учесниците го сподели своето искуство во Applicaster и им понуди увид во знаењето за дигиталното искуство потребно за врвно севкупно искуство.
„Сета технологија потребна за врвно корисничко искуство е веќе достапна на пазарот, со тоа може да се фокусирате на содржините и корисничкото искуство. ZAPP, најновиот производ на Applicaster, токму тоа и Ви го овозможува. Врвниот дизајн е комбинација на креативност и податоци.“
Претставувајќи други иновации на пазарот, Алекс Вигебо од JW Player ја истакна улогата на видеозаписите во новинските статии: „Услугата ‘Article Matching’ на JW Player ја спарува содржината на статиите со релевантни видео-записи од ‘библиотеката’, овозможувајќи збогатување на таа содржина.“
Миа Печина, раководител во новоосновачниот Zagrebački filmski ured, го претстави големиот чекор кој хратската престолнина го направи за продукциите во потрага по неоткриени локации во регионот. „Крајбрежјето е првото нешто на што помислувате кога ќе се спомене Хрватска, но ние сакаме да го префрлиме фокусот и на континенталните градови и други делови од државата,“ посочи Печина.
Денот беше завршен со презентација на партнерството помеѓу Viacom International Media Networks и диструбитрите: „Линеарната телевизија ја конзумирме сé помалку, но затоа конзумираме сé повеќе содржини,“ рече Маја Порцзинска, виш директор во Viacom.
Во текот на денот исполнет со различни дискусии и предавања, учесниците имаа можност да се освежат и вмрежат на паузите за кафе под покровителство на NBCUniversal и Viacom. Денот беше заклучен со забава организарана од JW Player во клубот Banje Beach во старото градско јадро на Дубровник.