Наградите Effie се признание кое се доделува на локално, регионално и глобално ниво на агенции и огласувачи кои стојат зад успешни маркетинг кампањи кои што ги постигнале или надминале поставените цели и на тој начин ги решиле предизвиците со кои се соочуваат нивните брендови и компании.
Во оводогишното жири на наградите Effie за српскиот пазар се најдоа дури тројца претставници на агенции кои оперираат во рамки на I&F Grupa.
Данка Трбојевиќ, директорка на агенцијата Drive, по втор пат ќе биде член на жирито за доделување на овие престижни награди. Со повеќе од 15 години искуство во комуникациите и искуство во организирање на регионалната конференција Digital Day, Данка е еден од истакнатите членови на жирито.
„Чест ми е што оваа година бев избрана да бидам во жирито на наградите Effie и да учествувам во изборот за најдобри огласувачи и агенции кои се истакнаа со својот стратешки пристап, креативна комуникација и имплементација на идеи. Effie, како една од најголемите маркетиншки признанија, секоја година го подигнува нивото на квалитетот и стандардите, а на нас, членовите на жирито, останува да се погрижиме да ја задржи својата престижна репутација“ – изјави Данка Трбојевиќ, директорка на агенцијата Drive.
Агенцијата UM ќе ја претставува Александар Ѓорѓевиќ, регионален генерален стратегиски директор на агенцијата UM. Долгогодишното искуство во медиската индустрија, кариера од медиумски планер до регионален стратегиски директор, креирањето на иновативни комуникациски и медиумски решенија, влијаеше на тоа Александар да биде избран за член на жирито на Effie наградите.
„Вистинско задоволство е да се биде дел од настан кој се заснова на исклучително важни принципи на денешницата. Верувам дека потребата да се биде ефективен и релевантен допира многу подалеку од границите на комуникациската индустрија и проникнува во нашите животи, избори, постоење и делување во времето во кое живееме. Effie придонесува токму со примери на ефективна креативност, кои нè учат на вредности и вештини кои се сè поважни на лично ниво, но и на ниво на општеството. Што се однесува до нашата индустрија, сметам дека постоењето на вакви иницијативи и организирани настани во никој случај не е прашање на престиж, туку прашање од суштинско и витално значење. Тие претставуваат еден вид компас за сите нас, поставувајќи златни стандарди во рамките на нашата професија. Токму затоа верувам дека целта е и треба да биде за сите нас, да создадеме стандарди заедно со взаемна поддршка“ – посочува Александар Ѓорѓевиќ, регионален генерален стратегиски директор за Југоисточна Европа при UM Белград.
Уште еден директор за стратегија, но од агенцијата McCann Beograd, Александар Милојевиќ, беше поканет да ги оценува најефективните кампањи кои ја заслужуваат наградата Effie.
„Се радувам што со колегите, другите членови на жирито, ќе ја имаме можноста да го разгледаме и оцениме најдоброто што нашата индустрија може да го понуди во моментот. Effie го наградува најдоброто од најдобрите, ефективноста на маркетинг кампањите, а на крај – резултатот е она што е најважно. Наградите Effie ги поставуваат стандардите и на сите нас во McCann ни е исклучително важно не само да бидеме дел од натпреварувачката програма, туку чест и привилегија за нас е да бидеме членови на жирито кое ги избира најдобрите од нашата индустрија“ – изјави Александар Милојевиќ, директор за стратешко планирање при McCann Beograd.