Отворена е новата натпреварувачка сезона на „Денови на комуникациите“, со регионалниот натпревар за креативност – BalCannes! Станува збор за натпревар кој ги истакнува најдобрите дела од комуникациската индустрија на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија. Достапен е и правилникот, кој служи како водич за натпреварувачите на нивното патување до освојување на наградите што ги заслужуваат, полн со корисни информации, отсега достапен на официјалната веб-страница преведен на сите официјалните јазици на земјите-учеснички. Доколку ви треба преглед на најважните информации кои не смеете да ги заборавите и прескокнете, ви ги пренесуваме овие упатства.
КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ?
Без разлика дали сте етаблирана агенција или само се пробивате на креативната сцена, BalCannes е натпревар каде што можете да се покажете и да им докажете на оние кои не ве познаваат зошто сте вредни. Покрај славењето на духот на овие простори и обединувањето на најдобрите агенции и огласувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија, натпреварот BalCannes е доказ за неповторливата креативност и оригиналноста што ги надминува границите.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ? ВО ТРИ ЧЕКОРИ!
1) Внесете општи информации за проектот: име на проектот, име на агенцијата и клиентот, категоријата во која се натпреварувате и информации за компанијата која го пријавува проектот.
2) Можете да го претставите вашиот проект на еден од двата начини: видео резиме или PDF документ. Во новата натпреварувачка група „II. Design Mosaic“, својот проект можете да го презентирате исклучиво во .PDF формат. Дозволената должина на видео-резимето е 3 минути.
3) Последниот чекор е додавање на главниот визуелен елемент на кампањата, во формат .jpg/.jpeg (се препорачува формат А4) со резолуција од најмалку 300 dpi, кој ќе се користи за промотивни цели. Исто така треба да прикачите и резиме на главниот предизвик на брифот, вашето решение и постигнатите резултати (макс. 150 зборови).
НОВИ ПОГОДНОСТИ ЗА ПРИЈАВУВАЧИТЕ
За овогодинешното издание на натпреварот за креативност е достапна и нова погодност за агенциите, која го наградува континуираното учество и поттикнува нови апликации. Агенциите кои редовно пријавувале проекти во последните две години, сега имаат можност да ја искористат бесплатната промоција 3 + 1, што значи дека на секои три пристигнати трудови можат бесплатно да поднесат по една дополнителна апликација. Од друга страна, агенциите кои не пријавиле проект во последните две години имаат право на бесплатно прво пријавување. Оваа иницијатива ја отвора вратата на натпреварот за учество на нови и постоечки агенции, мотивирајќи ги да ги презентираат своите проекти и да се натпреваруваат за престижни награди.
На BalCannes 2025 можете да се пријавите до 20 јануари 2025 година. Можете да се натпреварувате со проекти кои биле реализирани во двегодишниот квалификациски период од 20 јануари 2023 до 20 јануари 2025 година.
Важно е да се напомене дека проектите оваа година можат да се натпреваруваат во три групи категории: „Market Mosaic“, „Design Mosaic“ и „Positive Change Mosaic“. Можно е да се пријавите со еден проект повеќе пати – со вашиот труд можете да аплицирате во неколку категории во сите три натпреварувачки групи.
Подетални информации може да се најдат во Правилникот за натпреварот и формуларот за пријавување.