(РЕГИОН) – Интернационалната ПР асоцијација (IPRA) ги објави имињата на агенциите чии ПР проекти се оценети како најуспешни за 2015 година и ја добиваат престижната IPRA Golden World Award.
Меѓу наградените вкупно 50 кампањи од целиот свет (ЛИНК) има и 3 од нашето поблиско опкружување, од Косово, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Наградената кампања која ни доаѓа од Косово е дел на агенцијата Hooper Consulting International реализирана за Limak Kosovo International Airport.
Од Хрватска наградена е кампањата на Град Шибеник насловена како Walk with mayor.
Prime communications од Босна и Херцеговина е агенцијата носител на овогодинешната IPRA Golden World награда за кампањата насловена како “Pekabesko product ban in Republika Srpska“ реализирана за Leburia Komerc doo Prnjavor.
Кампањата е реализирна во текот на забраната за промет на Пекабеско производите во Босна и Херцеговина во декември изминатата година.
„Навистина сме горди и задоволни што успешното управување со кризни комуникации за нашиот клиент донесе разрешување на проблемите во работењето, отстранување на забраната за промет на производите за клиентот, со најконкретни можни докази, аргументирна, навремена и проактивна комуникација која треба да биде составен дел на секој кризен менаџмент. Најпрестижната светска награда од Мегународното здружение за односи со јавност за кризен менаџмент во овај случај, ги потврдува принципите на кои се темели нашата работа со клентите, дека управувањето со комуникациите е меѓу најважните алатки за остварување на целите во работењето“ истакна Драган Мочевиќ основач на агенцијата Prime communications.
Пријавените кампањи и проекти се оценувани врз основа на проценка на стручноста во пет области – анализа на ситуацијата, постапките на истражување, планирање, реализација и оценка на резултатите. Оценувањето е извршено во 2 фази, победниците во педесет категории се избрани во Лондон на почетокот на овај месец, а според зборовите на претставниците на IPRA, жири комисијата оваа година морала да избира помеѓу исклучително квалитетни кампањи. Церемонијатa за доделување на награди ќе се одржи во Јоханесбург, на 2 септември оваа година.