Кампањата „Find your vocation“ на агенцијата Idea Plus Communications и кампањите „Free the trees“ и „The Silence of the Bees“ на агенцијата New Moment New Ideas Company се помеѓу 25-те избрани најквалитетни регионални проекти.
Дружењето на Викенд Медиа Фестивал е одложено за некои подобри прилики и посигурни времиња, но инспирацијата е секогаш добредојдена – затоа регионалната ревија на креативност и прогласувањето на добитниците на специјалните награди на BalCannes беше одржано на 24 септември на Фејсбук страницата на BalCannes, а преносот во живо го следеа учесници од комуникациската индустрија од целиот регион.
И оваа година, благодарение на голем број експерти од целиот регион кои виртуелно жирираа и ги оценуваа пријавиените кампањи, натпреварувачите од регионалната комуникациска индустрија имаа можност да дознаат како огласувачите, агенциите и новинарите ги оценуваат истите проекти, а секоја од трите групи на жирија ги награди најдобрите проекти по свој избор.
Престижната титула за најдобра агенција на BalCannes им беше доделена на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey, чии пет проекти беа прогласени од жирито меѓу 25-те најдобри во регионот, од кои три проекти беа оценети со високи оценки. Проектот Dual purpose for a higher purpose на агенцијата Saatchi & Saatchi Хрватска и клиентот Виолета е прогласен за најдобар проект на BalCannes, а добитник е на уште неколку други лавови на BalCannes – специјална награда од жирито на агенции, специјална награда од жирито на новинари и награда за најдобар регионален проект, додека нивниот проект Toilet paper can save your ass е добитник на специјална награда од жирито на клиенти.
Наградата за храброст на клиентите, воведена од жирито на BalCannes минатата година, ја доби Виолета, а посебна карактеристика на BalCannes оваа година е наградата New normal – извонреден лав за извонредни околности, чија цел беше да го награди најдобриот проект креиран за време на овогодишната пандемија за извонредна иновативност, снаодливост и креативност заради значително отежнатите услови на создавање и живеење. Според овие критериуми, се истакна агенцијата McCann Белград, која ја освои оваа награда за проектот Thank you, Doctors.
Сите оние кои сеуште не ја гледале ревијата и прогласувањето на добитниците на лавовите, сеуште можат да го сторат тоа на Фејсбук страницата на BalCannes, а сите доставени проекти наскоро ќе бидат објавени на BalCannes Yellow Pages, онлајн база на агенции од комуникациската индустрија што служи како корисна алатка на огласувачите за пребарување на нови деловни партнери.
Во продолжение погледнете ги најдобрите 25 проекти на овогодишниот BalCannes по азбучен ред, а повеќе информации можете да пронајдете на официјалната страница на BalCannes.
1. #jedvacekam – Studio Sonda
2. #volitePipi – Imago Ogilvy
3. Bonbon Bontovnici – McCann Zagreb
4. Burek za predsjednika – Reroot
5. BUZZ – New Moment Ljubljana
6. ChaTheater – Saatchi & Saatchi Belgrade
7. Dual purpose for a higher purpose – Saatchi&Saatchi Croatia
8. Find your vocation – Idea Plus Communications Skopje
9. Free the trees – New Moment New Ideas Company
10. Good morning, emotions! – Grey Ljubljana
11. HT Unlimited – McCann Zagreb
12. Kod kuće je najbolje – BBDO Zagreb
13. Lito je tamo di si ti – Imago Ogilvy
14. Najbolje iz Hrvatske – ZOO agencija
15. Najbolji način za održati socijalnu distancu – Bruketa&Žinić&Grey
16. Ostani u svojoj gajbi – Bruketa&Žinić&Grey
17. Plazma Rituali – McCann Beograd
18. Ponesi me doma – Saatchi&Saatchi Croatia
19. Proteini.si spletna kampanja – Squareme
20. Teleportacija – BBDO Zagreb
21. Thank you, Doctors – McCann Beograd
22. The Silence of the Bees – New Moment New Ideas Company
23. This is not Planica stickers – Internavti
24. Tko pije, taj plaća – Bruketa&Žinić&Grey
25. Toilet paper can save your ass. – Saatchi&Saatchi Croatia