Пред две недели заврши најголемиот регионален комуникациски собир Weekend Media Festival, кој традиционално и овојпат се одржа во Ровињ, Хрватска. Среќни сме што можеме да заклучиме дека овогодинешното одлично издание беше збогатено и со голем број на посетители од Македонија, можеби најмногу во последниве неколку години откако активно како Маркетинг365 го следиме фестивалот.
Ако заради некоја причина не бевте во можност да присуствувате во Ровињ, наредните денови од оваа есен имате уште неколку интересни стручни фестивали кои се случуваат во соседните земји и кои се одлична шанса да ги потврдите и проширите Вашите знаења за она што е актуелно во маркетинг/ПР индустријата, регионално да се вмрежите и секако да чуете што повеќе искуства и практики за тоа како функционира бизнисот во соседните земји и кои се позитивните трендови и практики кои можат активно да се применат во вашиот бизнис.
Од морето на настани кои се одржуваат периодов во поблискиот и поширок регион, одбравме 3 кои ги препорачуваме и кои сметаме дека се исклучително корисни да бидат посетени.
- КАКТУС, Белград, Србија (29 октомври) / Котизација: ~120 евра / Контакт: ivana@marketingmreza.rs
Прв српски национален фестивал за интегрирани комуникации.Дневниот конференциски дел на фестивалот се состои од предавања и работилници од водечки стручњаци од Европа и светот, меѓу кои се Atanas Raykov, General Manager CEE во компанијата Вибер, Marijana Prpić, brending director во компанијата Google, Svetlana Stavreva, директор за маркетинг и комуникации во компанијата IBM за Југоисточна Европа, како и Jacob Kobi Gamliel, основач на една од најголемите дигитални агенции во Израел- iSOCIA.
На фестивалот КАКТУС 2015 ќе зборуваат и Abraham Abbi Asefaw и Maksimilian Kallhed, основачи на Pop Up агенција од Лондон; Catalin Dobre, Executive Creative Director, McCann Bucharest; Toygun Yılmazer, Chief Strategy Officer, TBWA\Istanbul, Mike Brandt, основач на данската агенција Urge и иновативниот пристап во огласувањето – Advertisingawesomeness,како и Matija Vujović и Vladimir Grčić од агенцијата Kitchen Prague.
Вечерната програма на фестивалот ќе ја одбележи доделувањето на наградите на најдобрите во струката. Наградите се доделуваат во 13 категории, а ги добиваат организациите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните интегрирани кампањи во изминатата година.
2. PRilika (13 и 14 ноември) , Белград, Србија / Котизација: ~85 евра / Контакт: drustvo@pr.org.rs
Годишна конференција на Друштвото за односи со јавноста на Србија.
На овогодинешната конференција, ДСОЈ ќе угости реномирани предавачи од Европа и регионот како што се Yogesha Joshia, претседателката на ABCI, проф. Jose Cordeira од универзитетот Singularity и Bernadeta Gutman од Уницеф Женева
На ПРилика учесниците ќе можат да слушнат и некои од успешните регионални и домашни стручњаци во областа на комуникациите како што е Daniel Koletic, CEO на Априори комуникации Хрватска, Gordana Bekic-Pjescic, советник во Канцеларијата за соработка со цивилното општество на Владата на република Србија; Rajkа Sebek, PR директорка во Електростопанство на Црна Гора, Dejan Randzic, директор на агенцијата DNA Communications и проф. др. Vesna Damjanovic од Факултетот за организациони науки.
3. SEMPL, Порторож, Словенија (27 и 28 ноември) / Котизација: http://www.sempl.si/en/attend/prices /
Седумнаесето издание на фестивалот за медиски трендови SEMPL ќе се одржи во хотелот Бернардин во Порторож и ќе угости околу 20-тина предавачи меѓу кои и Cathey Armillas, американски маркетинг експерт и авторка на книгата “Неоспорените правила на маркетингот:9 и пол начини за да Ве засакаат луѓето“ , Les Binet, еден од најголемите светски стручњаци за ефикасност во огласувањето (@adam&eve DDB, UK), Mats Persons, главен оперативен директор во данската “Adform”, Mike Bevans, маркетинг директор за огласувачки производи во “Yahoo”, Srđan Šaper, основач на “I&F McCann Group” и повеќе други звучни имиња од комуникацискиот свет.
Во склоп на фестивалот ќе се доделат и годишните награди на најдобрите медиски практики и кампањи од регионот.