Еве вест која треба да ги интересира македонските хотелиери, туристички оператори и други туристички работници.

Кинеските туристи изминатата година потрошиле најногу пари на своите патувања, вкупно над 258 милијарди американски долари што е за 5% повеќе во споредба со претходната (2016) година, така “оставајќи“ ги зад нив туристите од САД, кои лани потрошиле 135 милијарди долари. На третото место туристи кои најмногу трошат се Германците, со потрошувачка од 84 милијарди долари. – oва го велат податоците на светската туристичка организација – UNWTO.
Од UNWTO го издвојуваат и порастот во потрошувачката на руските туристи во светот изминатата година, со дури седум милијарди долари или за 13% повеќе од годината претходно, со што повторно влегоа во топ 10 листата по туристичко трошење.
“Пазарите во подем имаат клучна улога во развојот на туризмот – па оттаму сме многу задоволни што можеме да го видиме враќањето на Русија и Бразил, како и континуираниот пораст на Индија во потрошувачката во светскиот туризам. Пазарите во пораст придонесуваат кон растот и диверзификацијата на пазарите во многу дестинации“ – порачува главниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили.
