Новата глобална кампања на Samsung, создадена во соработка со креативната агенција BBH Singapore, ја раскажува приказната за млад љубовен пар кој се натпреварува да ја подобри својата физичка форма во пресрет на нивниот одмор на море.
Првиот видеоспот од кампањата, насловен „A Samsung Health Story: Racing to Fiji“, ја раскажува приказната за Стејси и Стив, кои решаваат да одат на сурфање во Фиџи – нешто што последно го направиле пред пет години, пред да започнаат со својата професионална кариера. Меѓутоа, има еден предуслов: тие прво мора да ја подобрат својата физичка форма.
Во спотот се презентираат низа производи на Samsung Galaxy кои работат врз основа на вештачка интелигенција, а им помагаат на Стејси и Стив во нивниот меѓусебен „натпревар“ за подобрување на физичката кондиција. Рекламата се очекува да биде прва во серијал кратки филмови, кој ќе ги развива ликовите и нивната приказна во идните епизоди.
„Сакавме да направиме нешто забавно за да покажеме дека здравјето не мора секогаш да биде сериозно и стресно. За среќа, нашите клиенти го прифатија тоа и можевме да додадеме елементи на комедија за да раскажеме навистина разиграна приказна“ – посочува Саша Кунце, генерален креативен директор на агенцијата BBH Singapore.