По трет пат се одржува БЕАМ Фестивалот, кој ќе ги собере водечките професионалци од креативната, културната и забавната индустрија за да ја прослават извонредноста во организацијата на настани и да ги награди најдобрите и најуспешни настани одржани во 2024 година. Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП.
Пријавувањето е отворено од 1 ноември а ќе трае се до 31 јануари 2025 година. Можност за учество имаат сите компании кои органиизрале настани во календарската 2024 година и тоа во 12 категории. Сите информации потребни за аплицирање и правилата за учество се објавени на интернет страната на БЕАМ – www.beamfestival.mk.
Објавена е и жири комисијата составена од искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии.
Жири комисијата ја сочинуваат: Ана Зафирова – Фриленс новинарка и Експертка по комуникации; Анета Андонова – Одговорен уредник на Прв програмски серис, МРТ; Антоанела Петровиќ – Директор на маркетинг и маркетинг на купувачи во Жито Лукс; Борис Ефтимовски – Основач на Маркетинг365; Бранко Илиевски – спортски новинар; Ванчо Богоев – дипломиран продуцент и технички директор во МКЦ; Вардан Тозија – режисер; Василка Салевска Трајковска – Менаџер за екстерни прашања, Phillip Morris International; Душан Марковиќ – Корпоративен маркетинг и ПР Директор – Малиќи Груп; Ели Пешева – директорка за комуникации, Њу Момент Скопје; Коста Петров – Основач и Извршен директор, Пи Ворлд; Лара Чашуле – Директор за сервис на клиенти во Меккен Скопје; Маја Андoновска Илијевски – Директорка на НУ Центар за култура Битола и актерка во НУ Битолски народен театар; Марта Наумовска Грнарова – Генерален менаџер на Завар; Милчо Александров – дизајнер на светло; Мишко Караџоски – извршен менаџер во Скајмјузик; Огнен Јанески – ТВ лице, аврот, модератор и меѓународен консултант; Полексена Јанкуловска – Маркетинг директор во Бимилк и регионален маркетинг менаџер во Имлек; Татјана Лопарски – сопственик и извршен директор на Елемент ПР; и Тони Димков – новинар.
„Исто како изминатите две години, очекуваме голем број на пријави во сите категории, 2024 година беше навистина плодна, со многу настани, па затоа ги охрабруваме колегите да ги пријават своите дела. Создадовме систем на работа кој гарантира непристрасно и објективно оценување, целосно сме транспарентни во правилата и критериумите и заради тоа очекуваме да победат најдобрите“ – изјави Маја Бабиќ, директор на БЕАМ.
Инаку, изминатите две изданија на БЕАМ покажаа, особено со бројот и квалитетот на пријавените настани, дека недостасувала платформа за валоризација на индустријата. Наградите се доделуваат на свечена церемонија во присуство на голем број на професионалци од индустријата. Ваквите настани се можност за запознавање, вмрежување и развој на идни соработки.
„БЕАМ е фестивал кој по содржината е единствен не само кај нас, туку и во регионот. Фестивалот е наменет за сите професионалци кои организирале настан во 2024 година и можат да се пријават во некоја од 12-те категории. Преку него ја славиме уникатната енергија и професионалноста која ја носат нашите настани. Целта е да се поддржат и валоризираат оние што создаваат и да поттикне зголемен број на креативни и значајни проекти“ – изјавија од БЕАМ.
Доделувањето на наградите ќе биде на свечена гала церемонија на почетокот на месец март.