„Барила“, водечки бренд за тестенини во светот, својата нова кампања за прв пат ја довери на агенцијата Публицис Италија, седмата најнаградувана агенција во светот. Кампањата ги слави и повторно ги открива задоволствата од дружењето и славењето покрај трпезариската маса. Публицис Словенија се погрижи за адаптација на кампањата на словенечкиот, хрватскиот, српскиот и босанскиот пазар.
Во последните неколку месеци целосно се променија навиките на луѓето. Домот стана средиште на бројни активности кои некогаш се одвивале на друго место. Домот стана канцеларија, детско игралиште, фитнес центар и училница. Како сѐ повеќе врме поминуваме дома, така уште повеќе сфаќаме колкаво е задоволството да седиме на маса и да поминуваме време со семејството, пријателите и другите најблиски.
За Барила, светски познат производител на италијански тестенини, се вели дека се италијанска уметност од 1877 година. Кампањата, зад која стои Публицис Италија, ги слави и повторно ги открива задоволствата од дружењето и славењето покрај трпезариската маса. А, кога во кадарот на масата се појавуваат свежо подготвени тестенини, скоро можеме да го почувствуваме нивниот вкус преку екранот, а масата ја добива својата вистинска намена – станува простор за дружење и поврзување и средиште на секој дом.
Музичката позадина, песната “Beautiful That Way“ од познатиот филм на Бенини, La vita è bella, исто така придонесува за убедливоста на целата приказна.
Кампањата носи „порака на блискост и доверба во иднината“, вели Џианлука Ди Тондо, директор за маркетинг во Барила. Кристијана Бокасини, од Публицис Италија, додава дека Барила останува бренд што ги рефлектира вредностите на домот и придобивките од собирањето на пријателите и членовите на семејството при јадење.